Жените и неформалните образовни можности
жените-неформалните-образовни-можности

Жените и неформалните образовни можности

1713 Comments off Некатегоризирано

Во 19-тиот век, жените стануваат главни и централни фактори во едукацијата како учителки, туторки и менторки во формалните и неформалните образовни средини. Овие достигнувања денес значат многу за моменталната состојба во којашто жените имаат директен пристап до образование и можност за лична придобивка, личен развој и финансиска стабилност.


Какви се денешните неформални образовни можности за жените?

Во околните земји, растот и интересот за посетување на неформално образование се зголемуваат во текот на последниве 10 години. Оваа тенденција се зголемува најмногу поради тоа што жените имаат можност да направат трансфер и промена на својата кариерна ориентација, а неретко и стекнатата вештина подоцна им станува директна алатка за создавање сопствен бизнис и интеграција во различни индустрии.

Каква е нашата приказна?

Oд она коешто го имаме како реална слика во Скала е дека во голем процент жените се оние кои доста храбро и директно влегуваат во процесот на едукација.

Во Европа, преку 60% од жените посетуваат обуки за дигитални вештини и нови алатки, а преку 40% се вклучени во процеси на претприемачки проекти, што е бездруго одличен тренд во добивањето повеќе можности за работа и улога во општествените процеси. Во Македонија, 12% од женското население, во период од 2020 год. до 2023 год., се вклучило во неформални образовни курсеви. 

Трендот се зголеми најмногу во време на пандемијата на Ковид-19, кога во голема мера луѓето беа со работа од дома и можност да посетуваат курсеви и онлајн.

Значењето на женската сила во создавањето едукативен капацитет е непроценливо, а вештините и квалификациите добиваат практична примена. Преку добиеното знаење и вмрежувањето со различни профили на луѓе, тие стануваат препознатливи и признаени во различни бизниси и сектори коишто им се од професионален интерес.

Нашата главна сила во статистиката е дека жените се застапени со 76% во севкупниот удел на академиите!

Во Европа, преку 60% од жените посетуваат обуки за дигитални вештини и нови алатки, а преку 40% се вклучени во процеси на претприемачки проекти, што е бездруго одличен тренд во добивањето повеќе можности за работа и улога во општествените процеси. Во Македонија, 12% од женското население, во период од 2020 год. до 2023 год., се вклучило во неформални образовни курсеви. 

Трендот се зголеми најмногу во време на пандемијата на Ковид-19, кога во голема мера луѓето беа со работа од дома и можност да посетуваат курсеви и онлајн.

Значењето на женската сила во создавањето едукативен капацитет е непроценливо, а вештините и квалификациите добиваат практична примена. Преку добиеното знаење и вмрежувањето со различни профили на луѓе, тие стануваат препознатливи и признаени во различни бизниси и сектори коишто им се од професионален интерес.

Напред жени! Среќен 8 Март! ♥︎

Прочитај повеќе за нашите Академии [тука]🌷
Прочитај повеќе за нашите Обуки [тука]🌷