Топ 3 за месец ноември » SKALA School

Топ 3 за месец ноември

1161 Comments off кариера, Студенти

Најозборуваните дела од студентите на Академија за визуелни уметности

Посветеноста и проактивноста на студентите е пофалба и радост за суштествувањето на една школа за дизајн и уметности. Штотуку започна првиот семестар од новата учебна година, а студентите веќе се истакнаа со своите таленти, амбиции и индивидуални тенденции.

Во продолжение погледнете ги најозборуваните три дела за месец ноември на Академијата за визуелни уметности, реализирани како дел од наставните задачи и проекти.

Марио Манески

“Ова е вообичаениот стил со кој изработувам дела, но секогаш има простор за развивање и подобрување”.

Автор: Марио Манески
Наслов: Не греби
Техника: Комбинирана техника
Димензии: 88 x 111 см
Предмет: Цртачки и сликарски техники
Ментор: Блашка Миева

Дело што нема правилен начин на ориентирање, односно, од било која страна гледано нуди различни пораки. Комбинација на повеќе сликарски техники што се практикуваат во текот на наставата. 

Антонио Станков

Mодната фотографија е правецот во којшто чекорам, а фотографирањето портрети ми претставува вистинско задоволство. Според мене, стилот не е нешто што ние го одредуваме, сметам дека со текот на годините тој сам ни се наметнува и нѐ следи.

Автор: Антонио Станков
Наслов: Ехо
Медиум: Фотографија
Предмет: Фотографија и постпродукција на фотографија
Ментор: Дејан Џолев

Обид преку комбинација на бојата и експресија на моделот, да се претстави енергичноста и самоувереноста на фотографираната личност.

Бојан Матејин

Идејата ми дојде буквално пред да заспијам. Гневен од состојбата со воздухот во Скопје. Морав да станам од кревет и да направам скица. Сакам да експериментирам со минимализам, а стилот сè уште ми варира на ниво на зададената задача.

Автор: Бојан Матејин
Наслов: Скопски дробови
Медиум: Дигитална илустрација
Предмет: Вовед во графички дизајн
Ментор: Петар Павлов

Симетрична стилизација од мапата на Скопје, која претставува визуелна метафора, алудирајќи на загрижувачкиот факт – Скопје најзагаден град во светот. Дело кое во меѓувреме се популаризираше и на социјалните медиуми 🙂