ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ЗА ДОНАЦИЈА НА ОБЛЕКА
јануари 13, 2021
886
Comments off
djolev
Инфо
На иницијатива на професорот Никола Ефтимов од Академијата за моден дизајн, започната е соработка со социјалното претпријатие „КОПЧЕ” кое функционира во рамки на Црвениот крст на Република Северна Македонија.
Во рамките на соработката, во просториите на Школата за дизајн и уметност Џолев и Уметностите, поставени се две кутии за донации на облека, која треба да е во нослива состојба и истата треба да биде испрана и испеглана.
Од страна на Копче, донираната облека понатаму се распределува на неколку локации, меѓу кои:
- Домови за бездомни лица;
- Социјално загрозени лица кои добиваат ваучер за облека по претходна проценка на општинските организации;
- Казнено поправни установи;
- Центар за деца од улица;
- Болници (Психијатриска болница Бардовци, Психијатриска болница Демир Капија и многу други);
- Детски градинки.
Ве очекуваме заеднички да бидеме хумани!
Ви благодариме однапред.
Локации на Школата за дизајн и уметност Џолев и Уметностите:
- Ул. 50 Девизија бр.22 (Во склоп на објектот на „Јавна соба”)
- Ул. Благој Давков бр.16 (нас. Дебар маало)