ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЦЕЛОСНИ СТИПЕНДИИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ СО ПРОСЕК ПОД 3.9 » SKALA School

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЦЕЛОСНИ СТИПЕНДИИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ СО ПРОСЕК ПОД 3.9

1096 Comments off Инфо, кариера, Студенти

Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“, во соработка со Институт за дизајн и технологија (ИДТ), повторно ги поддржуваат средношколците и бруцошите од цела Македонија кои изминатата 2021 година ја завршиле со просек под 3,9.

Целта на овој проект е мотивирање на учениците да го продолжат личниот развој во областите на уметноста и дизајнот, како и подигање на свеста за индивидуалниот пристап и важноста на секој предмет од образованието за секој ученик, без разлика на нивниот просек.

„Образовниот систем има тешкотии да ги препознае талентираните ученици. Како школа која организира програми од областа на дизајнот и уметностите, имаме одговорност да се обидеме да придонесеме кон препознавање на овие млади момци и девојки. Искуството од оваа кампања изминатите години ни го потврди ова, запознавме прекрасни, талентирани средношколци, кои поради послабиот генерален просек не биле во можност да бидат пофалени или охрабрени за квалитетите што ги носат во себе. Денес, тие се студенти на генерација на факултети од уметноста, дизајнот и креативните индустрии“, изјави Дејан Џолев, уметнички координатор на „Џолев и уметностите”.

За прв пат, оваа година, на овој повик ќе може да се пријават и средношколци кои во моментот се прва година во средно училиште и студенти кои минатата година завршиле со своето средно образование (односно се бруцоши).

Повикот за стипендија е отворен од 25 февруари до 14 март 2022 година и се однесува за новата 21-ва сезона на курсеви.

Апликацијата за ова стипендирање се поднесува преку електронската пријава со приложено свидетелство од последната година и мотивациско писмо во кое секој кандидат ќе треба да ги наведе причините за избор на програмата и своите понатамошни амбиции во дадената област.

Целта на овој проект кој се реализира петти пат по ред е да укаже дека во образовниот процес треба подеднакво да се вреднуваат сите ученици, затоа што секоја индивидуа поседува свои квалитети и вештини, а должноста на образованието е тие да бидат препознаени и правилно насочени

Избраните кандидати ќе бидат контактирани, а стипендистите објавени најдоцна до 11 март, на официјалната веб-страница на школата.

НАША ДОЛЖНОСТ Е ДА ГИ ПРЕПОЗНАЕМЕ КВАЛИТЕТИТЕ НА СЕКОЈ УЧЕНИК! ❤