Академија за ентериер и продукт дизајн | SKALA

МЕНТОРИ

9

АКТИВНИ СЕДМИЦИ

40

ЧАСОВИ

320

+ПРАКСА

120

ПРЕДМЕТИ

СЕМЕСТАР I

ТЕХНОЛОГИИ И МАТЕРИЈАЛИ

МЕНТОР: ИЛИЈА ПАУНКОВ

НАСТАВНА ПРОГРАМА:

  • ПОИМ И ТИПОВИ МАТЕРИЈАЛИ И НИВНА УПОТРЕБА
  • ТИПОВИ НА ФИНИШИ
  • ТИПОВИ НА ОБРАБОТКИ
  • НАЧИНИ НА ПРОИЗВОДСТВО И НИВНА УПОТРЕБА

2Д СКИЦИРАЊЕ / SketchUp

МЕНТОР: АПОСТОЛ ТНОКОВСКИ

НАСТАВНА ПРОГРАМА:

  • ТЕХНИЧКИ ОСНОВИ НА СОФТВЕР ЗА 2Д СКИЦИРАЊЕ;
  • РАЗВОЈ НА КРЕАТИВЕН КОНЦЕПТ;
  • 2Д РЕНДЕРИНГ НА ПРОДУКТ;
  • ЛИКОВНИ ЕЛЕМЕНТИ И ПРИНЦИПИ;
  • ТЕОРИЈА НА БОЈА;
  • СТРУКТУРА И ПРОЦЕС НА ДИЗАЈН;
  • РАЧНО МОДЕЛИРАЊЕ;
  • ДИЗАЈН РАЗМИСЛУВАЊЕ.

3Д МОДЕЛИРАЊЕ / Autodesk 3ds Max

МЕНТОР: ИЛИЈА ПАУНКОВ

НАСТАВНА ПРОГРАМА:

  • ТЕХНИЧКО ЦРТАЊЕ;
  • ТЕХНИЧКИ ОСНОВИ НА СОФТВЕР ЗА 3Д МОДЕЛИРАЊЕ;
  • ОСНОВИ НА МОДЕЛИРАЊЕ;
  • РАЗВОЈ НА КРЕАТИВЕН КОНЦЕПТ;
  • 3Д РЕНДЕРИНГ НА ПРОДУКТ.

ПРОТОТИП ДИЗАЈН СТУДИО ЗА МЕБЕЛ И ЕНТЕРИЕР

МЕНТОРИ: ЉУПЧО ВАСИЌ

НАСТАВНА ПРОГРАМА:

  • ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ПРОЦЕС НА ПРОИЗВОДСТВО
  • ДИЗАЈНИРАЊЕ НА КОНЦЕПТ ДИЗАЈН
  • ИЗРАБОТКА НА ПРОТОТИП

ТЕХНИЧКО ЦРТАЊЕ

МЕНТОР: ИЛИЈА ПАУНКОВ

НАСТАВНА ПРОГРАМА:

    ЛИКОВНИ ЕЛЕМЕНТИ И ПРИНЦИПИ

    МЕНТОР: ДЕЈАН ЏОЛЕВ

    НАСТАВНА ПРОГРАМА:

    • ПРИНЦИПИ НА КОМПОЗИЦИЈА
    • ТЕОРИЈА НА БОЈА

    ЕСТЕТИЧКИ ДИСКУРСИ

    МЕНТОР: НЕБОЈША ВИЛИЌ
    НАСТАВНА ПРОГРАМА:

    • ПРЕГЛЕД НА ПОЈАВАТА И ОПРЕДЕЛУВАЊЕТО НА ЕСТЕТИЧКИТЕ ИДЕИ;
    • ЕСТЕТИКАТА КАКО САМОСТОЈНА ФИЛОСОФСКА ДИСЦИПЛИНА ВО 19 ВЕК;
    • НОВИТЕ ПРАВЦИ ВО РАЗБИРАЊЕТО НА ЕСТЕТИКАТА ВО 20 ВЕК;
    • СОВРЕМЕНИТЕ РАЗБИРАЊА И ДИСКУРЗИВНОСТА НА ЕСТЕТИКАТА ВО СВЕТСКАТА И МАКЕДОНСКАТА ТВОРЕЧКА ПРАКСА.

    СЕМЕСТАР II

    ДИЗАЈН ПРОЦЕС

    МЕНТОР: АПОСТОЛ ТНОКОВСКИ

    НАСТАВНА ПРОГРАМА:

    • ДИЗАЈН РАЗМИСЛУВАЊЕ;
    • СТРУКТУРА И ПРОЦЕС НА ДИЗАЈН;
    • РАЗВОЈ НА КРЕАТИВЕН КОНЦЕПТ;
    • 3Д РЕНДЕРИНГ НА ПРОДУКТ;
    • ИЗРАБОТКА НА ПРОТОТИП ИЛИ ФИНАЛЕН ПРОДУКТ.

    ДИЗАЈН НА ЕНТЕРИЕР

    МЕНТОР: ИЛИЈА ПАУНКОВ

    НАСТАВНА ПРОГРАМА:

    • СТАНДАРДИ И АНАЛИЗИ НА ПРОСТОР;
    • УПОТРЕБА НА МЕБЕЛ И ФУНКЦИОНАЛНОСТ;
    • ДЕКОРАЦИИ, БОИ, ТЕКСТУРИ;
    • ОСВЕТЛУВАЊЕ.

    ДИГИТАЛНО РЕНДЕРИРАЊЕ / Rino - Rhinoceros 3D

    МЕНТОР: ИЛИЈА ПАУНКОВ

    НАСТАВНА ПРОГРАМА:

    • КОМПОЗИЦИЈА И ПОСТАВУВАЊЕЊ НА КАМЕРИ
    • ОСВЕТЛУВАЊЕ
    • МАТЕРИЈАЛИЗАЦИЈА
    • ОПТИМИЗАЦИЈА НА РЕНДЕРИ
    • СЕТИРАЊЕ НА РЕНДЕРИ

    3Д ПЕЧАТЕЊЕ

    МЕНТОР: ЈЕЛЕНА ЏОКИЌ

    НАСТАВНА ПРОГРАМА:

    • ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ТЕХНОЛОГИИ НА АДИТИВНО ПРОИЗВОДСТВО ( 3Д ПЕЧАТЕЊЕ )
    • ДИЗАЈН НА АДИТИВНО ПРОИЗВОДСТВО
    • ИЗРАБОТКА НА САМОСТОЈНИ ДЕЛА

    КАРИЕРА И ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

    МЕНТОРИ: КРСТО ЗЛАТКОВ + КРИСТИНА КРАГУЈЕВСКА
    НАСТАВНА ПРОГРАМА:

    • ЛИЧЕН БРЕНДИНГ, ПР И ПРОМОЦИЈА;
    • ПРЕЗЕНТАЦИСКИ ВЕШТИНИ;
    • СТРАТЕГИЈА ЗА ЛИЧЕН РАЗВОЈ;
    • БИЗНИС-МОДЕЛИ;
    • ПОИМ ЗА ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ;
    • УСЛОВИ ЗА ЗАШТИТА НА ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈН;
    • УСЛОВИ ЗА ЗАШТИТА НА ПАТЕНТ.

    ИСТОРИЈА НА ДИЗАЈН

    МЕНТОР: НИКОЛА УЗУНОВСКИ

    НАСТАВНА ПРОГРАМА:

    • ИСТОРИСКИ ПРЕГЛЕД И АНАЛИЗА НА РАЗВОЈОТ НА РАЗЛИЧНИТЕ СТИЛОВИ И ТЕХНИКИ ВО ЗАВИСНОСТ ОД ИСТОРИСКИТЕ, ОПШТЕСТВЕНИТЕ И КУЛТУРОЛОШКИ
      КОНТЕКСТИ.
    • ПРИМЕРИ ОД СЛИКАРСТВОТО, СКУЛПТУРАТА, АРХИТЕКТУРАТА И ДИЗАЈНОТ;
    • РАЗЛИКА ПОМЕЃУ ЗАНАЕТЧУСТВО И ДИЗАЈН;
    • СОВРЕМЕНИ ТЕНДЕНЦИИ.

    ОБРАБОТКА НА ФОТОГРАФИЈА / ADOBE Photoshop

    МЕНТОР: ДЕЈАН ЏОЛЕВ

    НАСТАВНА ПРОГРАМА:

    • ОСНОВИ НА ФОТОГРАФИЈА;
    • СТУДИСКО ОСВЕТЛУВАЊЕ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ДИГИТАЛНО РЕНДЕРИРАЊЕ
      КОНТЕКСТИ.
    • КОРЕКЦИЈА НА ФОТО-РЕНДЕР ВО ADOBE Photoshop;

    МЕНТОРИ

    Апостол Тноковски
    ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈНЕР


    Никола Узуновски
    ДИЗАЈНЕР И УМЕТНИК


    Кристина Крагујевска
    АДВОКАТ, ПРАВЕН ЕКСПЕРТ
    Konrad Partners

    Илија Паунков
    АРХИТЕКТ, ДИЗАЈНЕР НА ЕНТ.
    BH Architects

    Дејан Џолев
    ВИЗУЕЛЕН АРТИСТ / ФИЛМСКИ РЕЖИСЕР
    УМЕТНИЧКИ КООРДИНАТОР
    Скала
    Крсто Златков
    ГЕНЕРАЛЕН МЕНАЏЕР
    Институт за дизајн и технологии – ИДТ Скопје

    ЉУПЧО ВАСИЌ



    Небојша Вилиќ
    УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФ.
    Факултет за ликовни уметности

    ЈЕЛЕНА ЏОКИЌ
    УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФ.
    Машински факултет

    НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА:

    КАКО ДА АПЛИЦИРАМ?

    • Брзо и едноставно, преку пополнување на нашата електронска апликација [тука]
    • Или можеш лично да нè посетиш. Остави ни ги твоите податоци и ќе те контактираме за да се договориме за термин [тука]

    КОЛКУ ВРЕМЕ ТРАЕ И КАКО СЕ ОДВИВА НАСТАВАТА?

    Фондот на часови и физичкото присуство се од особена важност за квалитетот на образованието. 

    СЕКОЈ СТУДЕНТ МОЖЕ ДА ИЗБЕРЕ ДАЛИ ПРОГРАМАТА ЌЕ ЈА СЛЕДИ:

    • Со физичко присуство на цела настава (теоретски и практичен дел);
    • На комбиниран начин (теоретскиот дел ќе го следи онлајн, практичниот дел со физичко присуство).

    ФОНД НА ЧАСОВИ: 

    • Можеби сте се запрашале зошто нашата Академија за графички дизајн е најскапата на локалниот пазар. Една од причините е токму поради најголемиот фонд на часови од вкупно 360 часа настава и 120 часа пракса. Наставата се одржува 4 пати неделно, со по 3 часа дневно, а трае 10 месеци. 

    ДАЛИ Е ПОТРЕБНО ПРЕДЗНАЕЊЕ И ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА АКАДЕМИЈАТА?

    Никогаш не одбирај професија само според трендовите на пазарот. Вистинската среќа и успех доаѓаат кога ќе се посветиш на онаа професија којашто навистина ја сакаш. Кога ќе одлучиш за тоа, сакаме да знаеш дека ова е вистинската академија за тебе!

    • За лица (без искуство) кои сакаат да се преквалификуваат со цел да започнат кариера како дизајнери на мебел и ентериер;
    • За лица (со искуство) кои сакаат да ги усовршат своите знаења во областите на
    • 2D и 3D скицирањето, дизајн на ентериер и дигиталното рендерирање, како и методологија на креирање и  дизајн размислување.
    • За сите оние кои сакаат да се развиваат во креативна заедница со цел почеток на кариера во креативните индустрии. 

    ШТО ЌЕ НАУЧАМ НА АКАДЕМИЈАТА?

    Академијата за графички дизајн е 10–месечна темелна програма којашто им овозможува на студентите да се стекнат со практични знаења и вештини преку нетрадиционални и флексибилни едукативни методи на настава во соработка со еминентни универзитетски професори и долгогодишни професионалци од креативните индустрии.

    • ВЕШТИНИ: Академијата ќе ти помогне да ги совладаш од технички и креативен аспект основните ентериер и продукт дизајн принципи: 2D и 3D моделирање, рендерирање и прототипирање, според ликовните елементи и принципи, со цел нивно комбинирање, што во суштина и претставува ентериер и продукт дизајнот. 
    • АЛАТКИ: Оваа програма ќе те научи како да размислуваш креативно, преку различен тип на методологии и техники со цел да создаваш мебел и продукт дизајни, користејќи ги најпознатите дигитални софтверски алатки како Autodesk 3ds Max, Rino – Rhinoceros 3D, Sketch Up, ADOBE Photoshop…
    • ПРИМЕНА: Ќе научиш како да создадеш визуелни решенија за мебел,  продукти за ентериер и екстериер, работа со 3Д печатење.
    • За секој дизајнер на мебел и ентериер, задолжително е работа на терен! Ќе ги научиш сите технички можности, материјали, но и дизајн процесот;
    • Ќе ги совладаш сите дигитални скицирања и моделирања;
    • Ќе ги развиеш креативните концепти и размислувања;

    ЗАКЛУЧОК: Оваа академија, едноставно ќе те подготви да се усовршиш и започнеш кариера како графички дизајнер.

    КАКО СЕ СЛЕДИ ПРОГРЕСОТ НА СТУДЕНТИТЕ И КОИ СÈ ДРУГИ АКТИВНОСТИ СЕ ВКЛУЧЕНИ ЗА ВРЕМЕ НА СТУДИРАЊЕТО?

    • ОПРЕМА И УСЛОВИ: „Скала“ е единствената Школа којашто им овозможува на студентите постојана достапност до: технолошка лабораторија со таблети за цртање и 3Д–принтери, современо фото и видео студио со техничка опрема за работа, современо фото и видео студио со техничка опрема за работа,  цртачко и сликарско ателје и материјали за работа, комплетно опремено модно ателје;
    • ИСПИТНИ СЕСИИ: Академијата има развиено свој унифициран систем на вреднување. Проектните задачи се презентираат на испитните сесии коишто се одржуваат на крајот од првиот и крајот од вториот семестар пред менторите од програмата. Севкупниот прогрес и напредок на секој студент се класифицира во една завршна единица.
    • АНАЛИЗА: Дополнително, во рамките на еден семестар се организираат посебни часови за анализа на тековните активности и дополнителни менторски сесии во зависност од тоа како напредува групата и секој студент поединечно.
    • СКАЛА МАГАЗИН: Секој студент има можност за време на студирањето да биде дел од еден голем систем и структура во редакциските тимови и да стекне практично искуство во креативниот сектор на „Скала магазин“ – платформа за дизајн и визуелни уметности [погледни повеќе]
    • РАБОТА СО КЛИЕНТИ: Една од значајните предности на „Скала" е нејзината тесна врска со креативните индустрии. Во текот на студирањето, студентите имаат привилегија да работат на проекти креирани од страна на компании или да аплицираат на конкурси коишто се достапни само во рамките на академијата. За сите овие активности, студентите добиваат парична награда.

    ШТО ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА АКАДЕМИЈАТА?

    • ПОРТФОЛИО: Секој студент на крајот од академијата изработува портфолио каде што се опфатени највреднуваните дела и креативни решенија од предметите;
    • ПРАКСА + ВРАБОТУВАЊЕ: Секој студент го презентира своето портфолио на завршен настан пред избрани компании од креативните индустрии (маркетинг и адвертајзинг агенции, дизајнстудија, видео и фотопродукции…) со цел поврзување на студентите со индустријата и овозможување на дополнителна пракса и вработување;
    • ДИПЛОМА И УВЕРЕНИЕ: Секој студент добива диплома и уверение во коешто се опфатени сите предмети и финалната оцена согласно претставениот систем на вреднување, но никогаш не заборавај дека твојата потреба е знаење и искуство, сертификатите во креативните индустрии се хартии без практична вредност;
    • ЗАВРШНА ИЗЛОЖБА: Дипломите и уверенијата се доделуваат на завршна изложба каде што секој студент ги изложува своите изработени вежби и практични проекти од Академијата.

    КОИ СЕ ОПЦИИТЕ ЗА ПЛАЌАЊЕ?

    Твојата желба за студирање е наш приоритет, затоа сме подготвени да ги прилагодиме опциите за плаќање според твоите потреби. Имаме различни алтернативи на располагање за да ти го олесниме финансискиот план:

    • Заштеди: Месеците јуни и јули се дел од нашиот ран уписен рок, оваа понуда е за 400€ пониска во споредба со редовната цена;
    • Попуст за еднократно плаќање: Доколку одлучиш да го платиш целиот износ одеднаш, добиваш дополнителен попуст од 100€;
    • Флексибилни опции за рати: Можеш да го поделиш плаќањето до 20месечни рати, без дополнителни трошоци и камати;

    Аплицирај за стипендија: Секоја година доделуваме стипендии за академските програми на кандидати со и без претходно искуство од дејноста за којашто аплицираат. Повикот е отворен, аплицирај веднаш [тука].

    Сѐ уште размислуваш дали Академијата за ентериер и продукт дизајн е правилниот избор за твоите професионални цели?

    ВРЕМЕТРАЕЊЕ:
    40 активни недели
    320 часа [настава]
    120 часа [пракса во компанија]

    ПОЧЕТОК НА НАСТАВА: 14.10.2024
    КРАЈ НА НАСТАВА: јули 2025
    ПРАКСА: лето 2025
    ИЗЛОЖБА: септември 2025

    ОДРЖУВАЊЕ:
    4 ДЕНА НЕДЕЛНО

    ТЕРМИН: ПОЧЕТОК: 17:00ч.

    ТИТУЛА:
    ДИЗАЈНЕР НА МЕБЕЛ И ЕНТЕРИЕР

    МОЖНОСТ ЗА КАРИЕРА:
    ПРОДУКТ ДИЗАЈНЕР
    ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈНЕР
    ДИЗАЈНЕР НА МЕБЕЛ
    3Д МОДЕЛАР
    АРТ ДИРЕКТОР
    ПРЕТПРИЕМАЧ ВО КРЕАТИВНИ ИНДУСТРИИ.

    ПОВИК ЗА СТИПЕНДИИ:
    AПЛИКАЦИЈА ЗА 100%, 50% и 30% СТИПЕНДИРАЊЕ

    Секоја година доделуваме стипендии за академските програми на кандидати со и без претходно искуство од дејноста за којашто аплицираат. Повеќе информации за начините на аплицирање и системот на вреднување можете да прочитате во самата апликациска форма.
    Повикот е отворен во текот на целата година, а евалуациите на кандидатите и доделувањето на стипендиите се организира во текот на јуни и септември.

    ЦЕНА: 2.450 € | 320 ЧАСА | + 120 ЧАСА ПРАКСА

    ЦЕНИ СО ПОПУСТ ЗА РАНИ УПИСИдо 15 мајпопустдо 15 јунипопустдо 15 сеп.попустдо 15 окт.попуст
    Уплата до 20 рати без камата2.050€-400€2.150€-300€2.350€-100€2.450€/
    Во готово1.950€-500€2.050€-400€2.250€-200€2.350€-100€

    ПРОГРАМА ЗА ПРЕПОРАКИ | АЛУМНИ СМЕТКА

    *Со секоја препорака од наш тековен или поранешен студент добивате дополнителни 50€ попуст.

    **На секој наш студент по завршување на академијата му се отвара Алумни сметка со почетно салдо од 50€, со можност за неограничено надополнување и користење. Повеќе тука.

    ПОСЛЕДНИ НОВОСТИ

    академија-енериер-и-продуктдизајн-зара-хоум-скала-џолев

    „Скала“ во стратешко пријателство со „Zara Home“

    декември 5, 2023

    Продолжуваме со ширење на партнертсвата во областа на креативните индустрии! Со нашиот нов пријател Zara Home, планираме низа креативни настани во рамки на академијата за ентериер и продукт дизајн. Студентите

    Прочитај повеќе
    Вренцоска-скала-академија-дизајн

    ПРВ АКАДЕМСКИ ЧАС- Училните полни!

    ноември 2, 2023

    На 16 октомври започна новата учебна година! Првиот aкадемски час го следеа +100 студенти на aкадемиите за дизајн во „Скала“. Професионалниот развој на новата генерација студенти започна со основите на естетиката и теоријата

    Прочитај повеќе
    изложба-скала-џолев-академии-глас-на-новата-сцена

    Најголемата студентска изложба за дизајн!

    октомври 26, 2023

    На 13 октомври се случи финалната изложба на студентите од aкадемиите за графички дизајн, визуелни уметности, моден дизајн, ентериер и продукт-дизајн, како и Академијата за UX/UI-дизајн при „Скала“ -Школата за

    Прочитај повеќе
    стипендистите-ве-повикуваат-на-стипендии-скала-џолев

    Стипендистите ве повикуваат на последен повик за стипендии!

    септември 21, 2023

    На првиот отворен повик за стипендии, за учебната 2023/24 год. доделивме 12 стипендии, од коишто 4 целосни и 8 делумни стипендии и тоа: Целосни стипендии:Елена Божиновска, Академија за UX/UI+ дизајн;Стефан

    Прочитај повеќе
    студентски осврт-академија-ентериер-и-продукт-дизајн-студенти-скала-џолев

    Студентите од Академијата за ентериер дизајн, со предлог решенија за стан во Центар

    август 10, 2023

    Зборувавме со студентите Ивана Латинска, Николина Тасевска и Стефани Андова од Академијата за ентериер и продукт-дизајн за нивниот семестрален проект од предметот Дизајн на ентериер. Предметот е под менторство на

    Прочитај повеќе
    Од развој на скица до дизајн на парче мебел I Skala

    Од развој на скица до дизајн на парче мебел

    јули 25, 2023

    Разговаравме со студентите од Академијата за ентериер и продукт дизајн, Николина Тасевска, Стефани Андова и Наталија Ангеловска, за нивниот семестрален проект од предметот Прототип дизајн студио.  Предметот е под менторство

    Прочитај повеќе

    Ако сакаш да го надоградиш своето знаење, Академијата за ентериер и продукт дизајн е одличен избор. Те очекуваме!