„Скала“ во стратешко пријателство со „Zara Home“
академија-енериер-и-продуктдизајн-зара-хоум-скала-џолев

„Скала“ во стратешко пријателство со „Zara Home“


Продолжуваме со ширење на партнертсвата во областа на креативните индустрии! Со нашиот нов
пријател Zara Home, планираме низа креативни настани во рамки на академијата за ентериер и продукт дизајн.

Студентите од Академијата за ентериер и продукт-дизајн во првиот семестар се запознаваат со предмети коишто се основа за создавање на функционален и истраен продукт. Предметот како Технологија на материјали, под менторство на Илија Паунков, на којшто
се изучуваат типовите на материјали, нивната употреба и обработка, како и предметите
под менторство на Апостол Тноковски, на коишто студентите имаат можност да изучуваат
2Д-скицирање и дизајн-процес, се предмети без коишто ниту еден продукт или
ентериерно решение не би можело да стане реалност.

Теренските предавања се неизоставен дел од наставната програма, бидејќи токму на овие
предавања студентите можат да изградат јасна слика, запознавајќи се со сите процеси од
прва рака. Па така, „Zara Home“ го препозна потенцијалот на нашата програма и ги отвори
вратите на нивниот „дом”, зaпознавајќи ги студентите со сите креативни процеси од:
дизајн-концептите на нивните продавници, материјалите од коишто се изработени
продуктите, како и начинот и сегментите на производство на истите. Преку прецизно
одбирање на продукти и продлабочена презентација, тимот на „Zara“ успеа да го доближи
начинот на создавање на колекциите, како и важноста на еколошката одговорност којашто
стои зад нив.

академија-енериер-и-продуктдизајн-зара-хоум-скала-џолев

Импресии од средбата ни сподели нашата студентка Виолета Велкоска:

Осознавме многу работи за специфичните карактеристики на материјалите и финкцијата на дизајнерскиот тим во процесите на изработка како и методот и психологијата при уредување на ентериерот. Ни беа претставени и визијата и плановите за развој на организацијата.

Секоја сезона Zara Home ги нуди најновите трендови во ентериерното уредување. Во нивните колекции може да најдете производи за уредување на спална, дневна, кујна и бања, како и специфични колекции за деца и широк избор на уникатни производи за вашиот дом кои ќе ви помогнат да создадете топол и модерен простор.

Влеговме во топол дом во којшто сè си има свое место и причина зошто е таму. 
Креативното размислување при создавање на колекција носи многу одговорности со себе,
од моментот на зошто го правиме, како го правиме и како ќе го пласираме на пазарот.
Студентите не само што имаа можност да ги воочат овие процеси во финално решение,
туку и се запознаа со главните вредности на „Zara Home“ кога станува збор за
производството, а тоа се одржливоста и рециклирањето на материјалите како користење
на природни материјали со иновативни методи на производство. Јутата и морските алги
доминираа како материјали во дизајните на корпите и декоративните простирки, додека
керамичките вази пленеа со уникатноста на изработката.

Ни се надоврза и Ангелина Акшиќ, како дел од тимот на „ZaraHome“:

На наше огромно задоволство, на нашата прва средба, се обидовме на студентите да им ја презентираме „Zara Home“. Се надевам дека успеавме на студентите да им ги пренесеме емоциите на создавање на успешна приказна и воедно да ги натераме уште повеќе да истражат за брендот, за дизајнерите-соработници, за различните концепти на продавници насекаде во светот и секако, преку материјалите да им го објасниме принципот на одржлив развој (Sustainability) којшто е од огромно значење за нашата компанија.

Се радуваме на вакви соработки коишто се доказ дека квалитетот на нашите програми е препознатлив, како и кадарот идни кретивци кои го создаваме, па затоа ни е особено драго и се надеваме на уште топли средби во иднина. 


_ _

Академијата за ентериер и продукт-дизајн е 10–месечна темелна програма којашто им овозможува на студентите да се стекнат со практични знаења и вештини преку нетрадиционални и флексибилни едукативни методи на настава. Студентите се стекнуваат со знаење и вештини коишто им овозможуваат да создадат решение почнувајќи од технички цртеж до изработка на дизајн на ентериер и финален продукт. Сите овие процеси се менаџирани од тим којшто го сочинуваат еминентни универзитетски професори и долгогодишни професионалци од креативните индустрии.