Отворен ден
На првиот пролетен ден во новиот простор на Школата за уметност и дизајн “Џолев и уметностите” во рамките на објектот „Јавна соба“ се одржа отворен ден под слоганот „Пролет и уметностите“, со цел претставување на 15-тата сезона едукативни програми во вид на курсеви, работилници и академии.
Во неформален амбиент присутните имаа можност преку панел-дискусија да се запознаат со менторите и наставните програми што ќе започнат од 30 март, за сите генерации кои сакаат професионално или рекреативно да се занимаваат со уметностите и дизајнот.
На отворениот ден, Школата за дизајн и уметност „Џолев и Уметностите” ги објавија стипендистите од распишаниот конкурс „Образованието е повеќе од просек 5.0“, за средношколци од цела Македонија, кои изминатата учебна година ја завршиле со просек под 3.9, со цел за подигање на моралот и самодовербата кај оваа група ученици.
Од вкупно пристигнатите 83 апликации, „Џолев и уметностите„ ги објави петте целосни стипендисти за една од нивните програми:
1. Благица Трајкоска од средното училиште „Здравко Цветковски“ од Скопје;
2. Сибела Личина од средното училиште „Панче Караѓозов“ од Скопје;
3. Ева Велковска oд средното училиште „Марија Кири-Склодовска“ од Скопје;
4. Сара Секулоска од гимназијата „Мирко Милески“ од Кичево;
5. Војкан Михајлоски од гимназијата СОУ „Гостивар“ (специјална стипендија).
Стипендистите ќе имаат можност во целост да ги посетат програмите:
1. Курс по цртање и сликање;
2. Курс по фотографија;
3. Обука за филмски актер;
4. Курс за конструкција на облека со техники на шиење.