Студирав теологија, а денес сум моден фотограф » SKALA School

Студирав теологија, а денес сум моден фотограф

2823 Comments off кариера
Интервју: Лазар Зафировски, студент на Академија за визуелни уметности

Разговараме со Лазар Зафировски за неговите професионални активности по завршувањето на академијата за визуелни уметности.

Беше дел од Tеолошкиот факултет, што те натера да направиш ваков пресврт и да станеш дел од Aкадемијата за визуелна уметност?

Фотографијата секогаш ме привлекувала, па решив да го следам сонот и да се запишам на Академијата за визуелна уметност. Наместо курс по фотографија се запишав на оваа академија бидејќи се опфатени повеќе области од визуелната уметност и е претставена една целосна, сеопфатна двегодишна структура на образование.

Сега работиш како фотограф и си дел од уште еден курс од понудените програми? Раскажи ни како дојде до сето ова?

По завршување на Академијата се вработив како фотограф. Во моментот работам за fashionel.mk.

Сосема случајно се запишав на курсот по филмски актер, затоа што е составен дел од областа во која работам. Бев навикнат да сум зад камера, па си помислив зошто да не се обидам да бидам пред камера?

Омилен професор на академијата ми е Кардула.

Домашните на Џолев се секогаш тука да те натераат да размислуваш, истражуваш и да се осознаеш себеси.

Колегата кој најмногу сакав да го фоткам е Ања (и Дејан) 😄 Всушност тоа и се колегите коишто сакаа да се фоткаат.

Заеднички за Никола Узуновски и Петар Павлов е тоа што од вас бараат посветеност на нивните предавања и задачи. Исто така ја делат љубовта кон уметноста на готвењето.

Никогаш не би „киднал“ од часот по Илустрација .