Академија за продукт дизајн

451 Comments off Инфо, кариера

Во новата сезона „Џолев и Уметностите“ во соработка со Институтот за дизајн и технологии за првпат воведуваат академија која е насочена кон креативците кои се вешти со своите раце и сакаат да изработуваат сопствени продукти – Академија за продукт дизајн [индустриски дизајн и дизајн на мебел].

Со цел да ви ја приближиме оваа академија ви даваме одговори на сѐ што сакате да знаете во врска со неа.

The Ripples  – очила за сонце дизајн на Апостол Тноковски

За кого е наменета оваа академија?

Академијата за продукт дизајн е наменета пред сѐ за сите креативци кои навечер остануваат будни и немирни поради поривот за создавање, или конкретно за креативци со интереси за комбинирање на дизајнот и технологијата.

Прототип дизајн: WAVE PIANO на Апостол Тноковски

Дали треба да имам предзнаење за да се запишам на академијата?

“Познавање” е релативна состојба. Можеби вистинскиот збор е “интерес”, “желба”… Затоа што каде постоело интерес и желба, со сигурност таа индивидуа има и познавање од дејноста, без разлика дали е тоа на свесно или несвесно ниво. Очекуваме лицата кои ќе ја посетуваат оваа академија пред сѐ да имаат став дека е време да започнат своја кариера!

Што ќе научам на оваа академија?

На оваа академија – хронолошки, студентите ќе имаат можност да научат како да развијат методолошки идеен концепт за продукт-дизајн, како потоа да исцртаат 2Д-скица, технички цртеж и 3Д-модел, како да го изберат вистинскиот материјал или како да ги комбинираат материјалите, но и мултифункционалните дисциплини преку комбинација на дизајн и технологија. Студентите ќе научат како преку работата на прототип, да создадат конечен производ, но и како потоа истиот да го промовираат, пласираат и продадат.

Студентите ќе имаат можност да работат во мултифункционална лабараторија за обработка на повеќе видови материјали и 3Д-печатење.

Што можам да работам по завршување на академијата?

Оваа академија нуди повеќе форми на професионалниот развој од причина што пред сѐ ќе се совладаат неколку “занаети”, а со тоа студентот ќе има капацитет да создава сам, или да биде дел од дизајн-студио или пак дизајн-индустрија. Конкретно, студентот ќе има вештини да работи како 2Д и 3Д-дигитално моделирање и рендерирање, па сѐ до создавање на реални дизајнерски продукти од најразличен тип. Студентот ќе може да работи како продукт-дизајнер или индустриски дизајнер, дизајнер на мебел, 3Д моделар, илустратор, арт-директор, креативен директор, претприемач во креативни индустрии, арт или креативен директор.

Процес: скицирање FALCON PIANO на Апостол Тноковски

Кои се предмети ќе се изучуваат на оваа академија?

Академијата трае 9 месеци и се состои од три семестри. Првиот семестар ќе се изучуваат предметите: техничко и илустративно цртање, историја на уметност и дизајн, 2Д-скицирање, продукт-дизајн I, прототип дизајн-студио, механика (технологии и материјали). Во вториот семестар ќе се фокусираме на предметите: основи на дизајн,

3Д-моделирање и дигитално рендерирање, продукт-дизајн II, индустриски дизајн, интерактивни системи (мехатроника), естетички дискурси, интелектуална сопственост, бренд и менаџмент.

Како оваа академија се разликува од академиите за индустриски дизајн и ентериер?

Оваа академија се состои од нетрадиционални и флексибилни едукативни методи на настава што вклучува практична активност во мултифункционално студио за производство на прототипи и конечни производи, компјутерска лабораторија со 3Д- принтери. Во соработка со еминентни универзитетски професори, дизајнери и дизајн-студија.

Идеен концепт: Mercedes-Benz SLK APHELIOS на Апостол Тноковски

Што ќе прават студентите по завршување на академијата?

Студентите ќе имаат  можност да реализираат свое портфолио и финални прототипи и производи со јавно претставување на крајот од академската програмата, пред главни менаџери на компании од креативните индустрии и дизајн студија, како и галериска изложба со цел лично претставување и започнување на кариера.

Задолжително (обезбедено) е едномесечна пракса со можност за вработување! +90% од нашите студенти се вработија во најголемите адвертајзинг и маркетинг агенции, дизајн- студија, фото и видео продукции, медиуми или основаа сопствени компании.

Провери ја целата програма: Академија за продукт дизајн.

Сите користени илустративни фотографии се авторски дела на Апостол Тноковски, ментор на предметите “2Д Скицирање” и “3Д моделирање и дигитално рендерирање”.