Академијата ми даде шанса да бидам забележан од вистинските луѓе » SKALA School

Академијата ми даде шанса да бидам забележан од вистинските луѓе

1284 Comments off кариера

Интервју: Анче Стаменов, студент на академијата за Визуелни уметности

Разговараме со Анче Стаменов, студент на академијата за Визуелни уметности, денес вработен во маркетинг агенцијата “Њу Момент”.

Се занимавав со земјоделство и сѐ уште се занимавам во слободно време. Порано, поради тоа што морав, а сега поради тоа што сакам.

На интервјуто за запишување на Академијата за визуелни уметности отидов со исчкртани раце со мастило од пенкало и боја од печатачот од печатницата во која тогаш работев. Ја раскажав мојата приказна, ги кажав моите аспирации… Го паметам погледот и зборовите на Џолев: „Ти си за овде. Ова е тоа што ти треба!“ 😊

Од Академијата очекував да научам нови методи на креативно размислување и начини на изразување на креативноста. Го добив токму тоа!

Кариерата ја продолжив во Маркетинг-агенцијата „Њу Момент“. Академијата нѐ спои, Академијата нѐ запозна. Ми даде шанса да бидам забележан од вистинските луѓе.

Мојот сон се исполни кога се вработив во компанијата во којашто сега работам.

Секогаш сум сакал да работам креативна работа поврзана со фотографии, видеа, метафори, музика, поезија итн. сл.

На Академијата, најважната лекција што ја стекнав е како мојот сон да го претворам во реалност.

Најинтересни ми беа часовите на Влатко Ристов, типографија и визуелни комуникации.

Професор без којшто немаше да сум тука е, Влатко Ристов.