Добив четири понуди за пракса, искористив две, а подоцна се вработив во една од компаниите » SKALA School

Добив четири понуди за пракса, искористив две, а подоцна се вработив во една од компаниите

1310 Comments off Инфо, кариера, Студенти

Интервју: Бинаса Дрндар, студент на академијата за Визуелни уметности

Разговараме со Бинаса Дрндар, студент на академијата за Визуелни уметности, денес вработена во „Студио Игор Делов“ – студио за визуелни комуникации и графички дизајн.

Секој последен учебен ден, студентите од Академијата за визулени уметности, јавно се претставуваат пред главните менаџери на најзначајните адвертајзинг и маркетинг агенции, дизајн студија, ТВ и филм-продукции. Студентката Бинаса Дрндар доби четири понуди за пракса, искористи две, а подоцна се вработи во една од компаниите.

Пред да се запишам на Академијата… бев на крстопат помеѓу две кариерни полиња. Денес сум среќна поради вистинскиот избор!

Денот кога заврши академијата… Отидов на одмор 🙂 но веднаш потоа започнав со посетување на едномесечна пракса во маркетинг агенцијата „Publicis“, а потоа и во „Студио Игор Делов“ – студио за визуелни комуникации и графички дизајн каде што сум вработена во моментов. Би сакала да додадам дека сум особено благодарна и ги ценам понудите за пракса и од другите компании/студија каде што не успеав да отидам.

Академијата за визуелни уметности најмногу ми помогна… Да го започнам процесот на градење на себеси како визуелен артист, да се запознаам и дружам со брилијантни креативни умови, едноставно, ми помогна да го најдам своето место под сонцето 🙂

На новото работно место… Постојано учам нови работи што е навистина „кул“. Пристапот кон секој поединечен проект, но и севкупниот начин на работа под менторство на Игор Делов е навистина корисен и практичен и носи резултати на долги патеки. Е сега, имаме малку несогласувања околу тоа што музика да се слуша во текот на работниот ден, но работиме на случајот 😀

Најмногу научив на часот кај… Петар Павлов и Игор Делов.

Графички дизајнер на кој се восхитувам… Caterina Bianchini. Но, би сакала да ги додадам „Studio Dumbar“, Tinker Hatfield (иако не е графички дизајнер) и Флим од домашната сцена.

Уписите за новата генерација студенти на Академијата за графички дизајн е во тек! Погледни повеќе на овој линк.

АПЛИЦИРАЈ ЗА СТИПЕНДИЈА!