8 Спомени
8 години Школа за дизајн и уметност „Џолев и Уметностите“ и Прв ден за Скала Магазин – прва студентска платформа за дизајн и современа уметност. Одиме со ред!
Природно е…
Роденденски да се потсетиме на изминатите години.
2012
Четврток, 3 мај. Тања, Елена, Марти, Глигор, Ивана, Рики и Михаил присуствуваа на првиот час од програмата „Курс по фотографија“ со менторот и основач Дејан Џолев. Разговорно по маалата зборуваа за „на курс кај Џолев“;
2013
Тоа беше време без планови и визии, бевме водени од љубов и интуиција. Во тоа време, студентите беа визионери кои побараа нови сродни едукативни програми и растот се случи неочекувано – природно! Ние ги следевме само нивните желби;
2014
Оваа година започна со 5 едукативни програми и ментори од областа на дизајнот и уметностите, па така природно се ребрендиравме. Школата повеќе не беше „Џолев“, па се додаде и „Уметностите“;
Филмска Премиера.
2015
Тимот растеше. Бројот на учесници беше сè поголем. Просторот повеќе не нè собираше и природно се преселивме во нови простории, сигурно се сеќавате на големиот црн ѕид каде што го чкртавме и бришевме од ново и од ново, а спроти него и ѕидот од тула што заедно го ѕидавме (тула по тула – кула);
Дејан Џолев (Основач) и Крсто Златков (Генерален менаџер)
2016
Веќе бевме големо друштво! Дружбите помеѓу студентите беа и надвор од школскиот двор. Природно беше да се дружат, да се заљубат… се склучија бракови и кумства, бизниси и соработки;
2017
Во Школата редовно предаваа повеќе од 30 ментори и над 100 гости предавачи, универзитетски професори и професионалци од дејностите. Природно беше да започнеме со поширока форма на образование, па така се родија 4 Академии за: визуелни уметности, моден дизајн, а подоцна и Академија за продукт дизајн и графички дизајн;
2018
Природно продолжија активностите, следеа соработки со компании и вработувања на нашите студенти и нивни планетарни кариери и успеси, ете, на пример, една режисерка од нашето маало којашто оваа година беше номинирана за два Оскари е наш поранешен студент.
2019
Не нè фаќаше место! Нови простории во кои им овозможивме на студентите: современо фото и видео студио, технолошка лабораторија со таблети за цртање и 3Д-принтери, цртачко и сликарско ателје и материјали за работа, комплетно опремено модно ателје – природно за школа за дизајн и уметност;
Кристина Крагујевска (ко-Сопственик и Програмски координатор)
со проф. Никола Ефтимов
2020
Природно е школа за дизајн и уметност да има годишни (и периоднични) изложби, но и тоа не е доволно. Овој роденден го прославуваме со сопствена платформа, медиум каде студентите ќе имаат можност да ги претстават своите идеи и таленти пред публиката, компаниите, индустријата. Особена радост е што оваа година ја славиме заедно со Скала Магазин.
Глас на новата сцена!
Скала Магазин е прва студентска платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддржување на културните настани и сцена.
Платформата е резултат на љубов помеѓу студентите и менаџментот на Школата за дизајн и уметност: Џолев и Уметностите, со поддршка од Институтот за Дизајн и Технологија (ИДТ Скопје).
Целта на оваа платформа е студентите да бидат креатори и директни учесници во креативната заедница и најважно, да го дадат својот придонес кон зајакнување на севкупната индустрија.
Скала Магазин – од студентите за индустријата!
Следете нè!
www.instagram.com/skalamagazine
www.facebook.com/skala.magazine.mk
[демо] www.skala.mk
Не ги пропуштајте најактулените вести од домашната студентска арт и дизајн сцена. Магазинот официјално со својата редовна содржина ќе започне на 1 јуни.
Природно е да студираш дизајн во Школа за дизајн и уметност.
Тоа звучи доволно, тоа значи многу повеќе.