Проект Smart School – Паметно училиште » SKALA School

Проект Smart School – Паметно училиште

973 Comments off Инфо



Институтот за дизајн и технологија – Скопје, на 1-ви февруари го започна проектот „Паметно училиште“ (Smart School) кој е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој, кој е во соработка со Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“. Овој проект е дел од Smart Institute кој започна со својата активност во јануари 2020 год.

Smart School е проект со кој ќе се дигитализираат најпопуларните курсеви од полето на дизајнот кои ќе бидат поставени како онлајн видео лекции. Ќе се обработат 3 модули, со фокус на дизајн процес, односно – фотографија, постпродукција на фотографија и дигитална илустрација. Во овие 3 модули студентот ќе има можност, преку методолошки развој, да научи и реализира дизајн продукт – од идеја, преку скица, до конечно дизајн решение.

„Секоја новонастаната ситуација наметнува промени и прилагодувања. Таков е и примерот со пандемијата која не принуди да размислуваме за дигитализација на наставните програми, со што образовниот процес ќе го задржи својот континуитет. Она што ме прави особено среќна е што во рамките на неформалното образование, овој проект предвидува општествена грижа за младите лица до 30 години и им нуди можност за промена на кариера – доквалификација/преквалификација за понатамошно вработување, во услови кога поради кризата истите го загубиле своето работно место. Овие програми за нив ќе бидат бесплатни” – вели Бинаса Дрндар, Проектен координатор на Smart School и оперативен директор во „Џолев и уметностите“.

Менторите доаѓаат од Школата за дизајн и уметност Џолев и уметностите. Секој од модулите ќе биде претставен од различен ментор. Поради своето веќе потврдено предавачко и работно искуство, секој ментор ќе ја задржи и прилагоди неговата традиционална улога на предавач на знаење.

Целта на Smart School е дигитализација на образовниот и воспоставување на нов работен процес, кој ќе доведе до неограничени технички и креативни можности за понатамошен развој на студентот.

Првите видео лекции ќе бидат достапни за јавноста од 1-ви септември оваа година.