Образованието е повеќе од просек 5.0
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЦЕЛОСНИ СТИПЕНДИИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ СО ПРОСЕК ПОД 3.9
Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“, во соработка со Институт за дизајн и технологија (ИДТ), повторно ги поддржуваат средношколците од цела Македонија кои изминатата 2020 година ја завршиле со просек под 3,9.
Целта на овој проект е да укаже дека во образовниот процес треба подеднакво да се вреднуваат сите ученици, затоа што секоја индивидуа поседува свои квалитети и вештини, а должноста на образованието е тие да бидат препознаени и правилно насочени.
Повикот за стипендија е отворен од 23 февруари до 8 март 2021 година и се однесува за новата сезона на курсеви.
Апликацијата се поднесува преку електронската пријава со приложено свидетелство од последната година и мотивациско писмо во кое секој кандидат ќе треба да ги наведе причините за избор на програмата и своите понатамошни амбиции во дадената област.
Избраните кандидати ќе бидат повикани на кратко интервју, а стипендистите ќе бидат објавени најдоцна до 14 март, на официјалната веб-страна на школата.
НАША ДОЛЖНОСТ Е ДА ГИ ПРЕПОЗНАЕМЕ КВАЛИТЕТИТЕ НА СЕКОЈ УЧЕНИК!