РEТРОСПЕКТОР // ОКТОМВРИ: Стапнавме во школата, денес „газиме” во креативните индустрии »

РEТРОСПЕКТОР // ОКТОМВРИ: Стапнавме во школата, денес „газиме” во креативните индустрии

2236 Comments off Инфо


Во месец октомври…

Прочитајте за успесите на нашите студенти на интернационални и домашни фестивали, вработувањата во креативните индустрии по завршување на Академиите за дизајн. Прочитајте и за активностите на нашите ментори, но и информации од неформален карактер.

Ти благодариме месец октомври! ♡


НАШИТЕ СТУДЕНТИ…


1. Студентите од Академијата за моден дизајн учествуваа на Fashion Weekend Skopje 2021

Традиционално, секоја година, нашите студенти од Академијата за моден дизајн ги претставија своите модни колекции на Fashion Weekend Skopje, преку краткиот експериментален моден филм „Сепак се врти“. Своите колекции ги прикажаа: Теа Клинчарова, Верица Наковска, Предраг Трајковиќ, Марко Пешов, Андријана Јовановска-Павловски, Николина Ристовска, Сара Павловска и Елена Симјановска.




2. Алумни-студентките Мирјана и Катерина, дел од Fashion Weekend Skopje 2021

Алумни-студентката Мирјана Јосифовска, на FWSK учествуваше со новата колекција на шапки The Seven, а за настанот вели дека е одлична можност и организација за промоција и информирање за одржлива и рециклирана мода и дека смета дека е супер што ова случување било децентрализирано, односно промовирање на модата и надвор од Скопје.




Исто така, дел од FWSK беше и Катерина Димитровска, која ја претстави својата прва независна колекција EUNOIA, од својот бренд Luna Aditeya. 

„Мило ми е што имав шанса да сретнам толку прекрасни луѓе и да го претставам мојот бренд. Оваа колекција се состои од бели мултифункционални кошули, направени од рециклирани и материјали со природно потекло. Тие, со неколку модификации, може да се носат и во професионална и во релаксирана средина. Важниот момент на кошулите се копчињата, кои се направени со 3D печатење и рачна работа со епоксидна смола. Парчињата може да се нарачаат преку директна порака на нашиот Instagram/Facebook.” – ни опиша Катерина.



3. Прогласени најдобрите студенти за академската 2020/21

На голема одговорност и задоволство, ги објавуваме најдобрите студенти за учебната 2020/21 год. на академиите за дизајн. 

АКАДЕМИЈА ЗА ЕНТЕРИЕР И ПРОДУКТ-ДИЗАЈН: 
Христина Пешевска – најдобар студент
Тијана Тошиќ – студент со најголем потенцијал
Јанаки Златев – студент со најголем потенцијал 
Даниела Ајтова Шатановска – студент со најголем развој

АКАДЕМИЈА ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: 
Стефан Танков – најдобар студент
Андреј Игњатовски – студент со најголем потенцијал
Дино Никочевиќ – студент со најголем потенцијал
Мартин Николоски – студент со најголем развој
Оливер Алексов – студент со најголем развој
Aна Видеска – студент со најголем развој

АКАДЕМИЈА ЗА ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ: 
Андреј Павлов – најдобар студент
Ива Јованова – студент со најголем потенцијал
Марко Вилиќ – студент со најголем развој
Аника Чорбеска – студент со најголем развој

АКАДЕМИЈА ЗА МОДЕН ДИЗАЈН: 
Теа Клинчарова-Стојевска – студент со најголем потенцијал
Андријана Павловски – студент со најголем потенцијал
Сара Павловска – студент со најголем развој
Николина Ристовска – студент со најголем развој





4. „Скала магазин“, со прва галериска изложба

Студентската платформа за дизајн и современа уметност „Скала магазин, изминатиот месец ја реализираше првата групна галериска изложба во КСП Јадро – Центар. На темата, “Патерн: Визуелни размисли за стереотипите”, се претставија 13 млади автор(к)и, преку различни визуелни медиуми: слики, скулптури, графики, илустрации, фотографии.



5. Фотоедиторијалот на Антонио Станков  за „Herline“

Модниот фотограф Антонио Станков, кој воедно е алумни на Академијата за визуелни уметности, го изработи најновиот моден едиторијал за линијата „Herline” – нов домашен бренд за костими за капење и модерна спортска опрема.





НАШАТА ШКОЛА…



6. Прв учебен ден во нашата школа!

Насмевки, радости, трепети и воздишки ја исполнија нашата школа! На 15 октомври, се одржа првиот учебен ден за новата генерација студенти на академиите за дизајн, кои беа пречекани од класната раководителка Ангела Николовска, која им порача:

Нова генерацијо, ви посакувам среќен почеток, нѐ очекува година полна со нови знаења, предизвици и убави заеднички моменти! 





7. Најголемата студентска изложба за дизајн

Во петте хали на „Јавна соба“, се одржа најголемата студентска изложба за дизајн, насловена како „EGO DISCO“ [латински: Јас учам].

Седумдесетина студенти изложија преку 500 дела, меѓу кои: графички дизајн-решенија, фотографии, илустрации, прототипи, мебел, модни колекции, итн.

Им честитаме на сите студенти и им посакуваме продуктивна кариера, храброст и упорност во креирањето.

Повеќе за изложбата, може да погледнете тука




НАШИТЕ МЕНТОРИ…




8. Александар Ношпал, костимограф на премиерата на НОБ

Македонската премиера на една од најстарите балетски претстави „Жизел“, беше збогатена со костимите и сценографијата на Александар Ношпал, ментор при Академијата за моден дизајн. Заокружувајќи со оваа, Ношпал има 72 успешно реализирани проекти во и надвор од Македонија, за познати театарски и балетски претстави како: Лебедово езеро и Оревокршачка, во Операта во Лајпциг; Атмосфери, во Балетот на Рајна во Дизелдорф; Калигула, во Сент Гален, Швајцарија; големиот број балетски претстави во ХНК — Сплит и ХНК — Риека, но дизајнирал и костими за балерините во најпознатиот руски театар „Бољшој“, во Москва. 




9. Доротеј Нешовски, со активна изложба

Менторот по предметот „Цртачки и сликарски техники“ се претстави со истражувачкиот ликовен проект „Сензорни хоризонти“, преку изложбата „Скршени реалности“. Оваа изложба е претставена преку серија на експериментални цртежи во концептуалните простории на личните и психолошки области. Делата може да се погледнат и заклучно со оваа недела, во просториите на КИНФ ОФ ПРИНТ, студио за дизајн и уметност.


10. Постерот на OFFest 2021 – изработка на Зоран Кардула

Јубилејното издание на ОFFest ќе се одржи од 9-13 ноември, а за овогодинешниот постер и целосниот визуелен идентитет на фестивалот се погрижи Зоран Кардула – ментор на академиите за графички дизајн и визуелни уметности по предметот „дигитална илустрација – ADOBE Illustrator“. 






Се читаме следен месец! ♡