ГЛАСОТ НА СТУДЕНТИТЕ Е ВАЖЕН ★★ » SKALA School

ГЛАСОТ НА СТУДЕНТИТЕ Е ВАЖЕН ★★

442 Comments off Инфо, Студенти

Поврзувањето на креативните индустрии со нашите студенти е најважниот приоритет!

Затоа, на 7-ми и 8-ми јули, го организираме традиционалниот настан на поврзување на студените со компаниите, каде студентите ќе можат да го претстават својот труд пред докажани професионалци од различна област.

На двата настани, студентите од Академиите за дизајн [графички дизајн, дизајн на ентериери, моден дизајн и визуелни уметности] ќе имаат можност јавно да го презентираат своето работно портфолио пред претставниците на избраните компании, каде во текот на летотот ќе продолжат на пракса со можност за вработување. ♡♡♡

Оваа година покрај избраните компании, за прв пат отвараме и нова можност за сите кои се љубопитни да видат како изледаат презентациите и портфолијата на нашите студенти.

Бидејќи настанот е од затворен карактер, отвараме дополнителна можност со ОГРАНИЧЕНИ МЕСТА за 20 лица [заинтересирани кандидати за академиите] да бидат дел од овие овие настани: СТУДЕНТИТЕ ЗБОРУВААТ.

Пријавување за настанот: https://forms.gle/iYq1iGKo81CtgmJ6A

Изминатите години на овој настан учествуваа следните компании: New Moment, Koma – design studio, McCann Skopje, Publicis, Seavus, Pointer, Novatone Group, Cosmic Development, CodeWell, Friday Communications, Vinset Grafika, Heppiness marketing, Bella, Okitex, Waescheflott, Издавачки центар ТРИ, Literatura.mk, Skala Magazine, Ars Lamina, Dream Factory Macedonia, Element PR, Fashion Weekend Skopje, Igor Delov Studio, ReBorn…

УПИСИТЕ за новата генерација 2022/2023 се во тек!