ФОТО ИМПРЕСИИ// - [ЧЕКОР] - СТУДЕНТСКА ИЗЛОЖБА И ФИЛМСКИ ПРОЕКЦИИ » Djolev And The Arts

ФОТО ИМПРЕСИИ// – [ЧЕКОР] – СТУДЕНТСКА ИЗЛОЖБА И ФИЛМСКИ ПРОЕКЦИИ

107 Comments off Инфо, Студенти

На 30 јуни во 20:00 часот, Јавна соба беше вистинско собиралиште на вљубениците на уметноста. Вечерта беше поставена завршна ИЗЛОЖБА од Курсот по Фотографија, Цртање и сликање, а беа проектирани и кратки филмски етиди и кратки филмови од Обуките за Филмски актер и Филмска режија.

Погледнете ја атмосферата и расположението на гостите и учесниците. Многу фотографии, многу уметнички дела и врвулица луѓе пред нив кои сакаа да „украдат“ момент од вечерта.

Освен отворената изложба, гостите уживаа и во проекцијата на кратки филмски етиди и кратки филмови.

Вечерта беа доделени и СЕРТИФИКАТИ од страна на менторите за целата XXI сезона на обуки и курсеви кои се реализираа во период од март до јуни 2022 година.

Учесниците од ОБУКИТЕ за СЕЗОНА XXI беа следниве:

• ФОТОГРАФИЈА

ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ

• ФИЛМСКИ АКТЕР

• ФИЛМСКА РЕЖИЈА

• ADOBE ILLUSTRATOR

• ADOBE PHOTOSHOP

• ADOBE AFTER EFFECTS И ADOBE PREMIERE

• UX/UI дизајн

Уписите за новата сезона на ОБУКИ започнуваат на 15 август, но вие можете да направите предрегистрација на следниов линк.

  • НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ, УПИСИТЕ ЗА НОВАТА АКАДЕМСКА ГОДИНА 2022/23 СЕ ВО ТЕК!

★ ЗАШТЕДИ 300 ЕВРА СО РАН УПИС ДО 30ти ЈУЛИ! ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА 076 266 740. ★