Запознајте ги менторите на Академијата за ентериер и продукт дизајн
Академија за ентериер и продукт дизајн ментори СКАЛА

Запознајте ги нашите ментори на Академијата за ентериер и продукт дизајн!

Нивната работа е полна со различни димензии и создавање секакви надворешни и внатрешни светови. Секој од нив има различен, единствен пристап во предавањата, но и работата надвор од Академијата. Ви ги претставуваме нивните биографски патеки и колку се значајни нивните професионални достигнувања..


Ви ги претставуваме нашите ментори на Академијата за ентериер и продукт дизајн.

Илија Паунков

Илија Паунков академија за ентериер и продукт дизајн


Илија Паунков дипломирал на Академија Италијана, како ентериер и продукт дизајнер. Речиси две децении има искуство во проектирање и реализација на продукти и ентериери. Главна преокупација му е работата како консултант за Архитектура и имплементирање на нови технологии и материјали во повеќе компании.

Работи како сениор дизајнер и 3D артист во „BH ARCHITECTS“, со чиј тим освоија прво место на Конкурсот за изработка на идејно решение за универзитетскиот кампус „Мајка Терза“, во 2017 година.

Иако е далтонист, совршено разликува светли и темни тонови и работи со бои цел свој живот 😊 Повеќе од пет години менторира и образува млади луѓе во различни образовни формални и неформални институции. „Главен“ е за професионална 3D визуелизација.


Апостол Тноковски


Апостол Тноковски е домашен, а светски продукт дизајнер кој дипломирал на Факултетот за арт и дизајн. Неговите концепти се инвентивни и уникатни, често инспирирани од органски форми. Главната инспирација му е морската вода и водата воопшто. Неговото најпознато дело кое „одекна“ во светската јавност е пијаното Hydra, за поп дивата Лејди Гага.

Освен што работи футуристички дизајн, Апостол креира и чевли, слушалки, часовници и пијана. Неговите дела се најдоа во многу светски медиуми и публикации, меѓу кои и италијанскиот Vogue и Piano Moda Pelle, National Geographic, FHM, како и Piano Magazine во Франција. Изложувал свои проекти на многу значајни интернационални конкурси за дизајн во Шпанија, Англија, за брендови како Microsoft, Peugeot, Electrolux. Дизајнер, соработник на неколку компании и дизајн студија во Париз, Њујорк и Лос Анџелес.

Неуморен во создавањето нови и крајно визионерски дела, последен негов ваков проект е автомобилот инспириран од изгледот на охридската пастрмка.


Катерина Трпковска

Катерина РИНОКА Академија за ентериер и продукт дизајн СКАЛА


Авторката на многу различни производи oд дрво и метал, Катерина Трпкова, сопствениот бренд Rinocca го развива давајќи му примат на дрвото како благороден материјал, но и стратегијата за користење еколошки суровини во процесот.

Освен тоа, има продуцирано многу проекти за надворешни соработници и компании. Дел од изработките се и наградувани на дизајн конкурси во и надвор од државата. Учествува на Саеми за мебел и ентериер дизајн во странство и дома. Студиото за продукт дизајн Rinocca го лансираше во 2015 со фокус на декоративното осветлување, а во 2017 заедно со соработничката Деспина Здравкова заедно го прошируваат производството и разновидноста на производите. Еко свесен дизајнер!

Таа е дипломиран дизајнер на ентериери, со повеќе од деценија искуство во повеќе компании со различни дејности токму во сферата на мебел дизајнот. Oсвен дома, работела и надвор од земјава, а преку години искуство нејзината главна сфера на изработка е специјализација по продукт дизајн.


Никола Узуновски

Узуновски Академија за ентериер и продукт дизајн СКАЛА


Никола Узуновски е современ мултидисциплинарен уметник кој студирал на неколку места во светот – од Скопје до Венеција и Хелсинки. Предава уметност и дизајн на неколку светски универзитети, меѓу кои во Италија, Норвешка, Финска, Шведска и Тајланд. Во неговото творештво секогаш ги спојува индивидуалецот наспрема општеството, со отворени прашања за позицијата на уметникот во него, но и науката во контекст на уметничкото дејствување.

Учествувал на неколку интернационални изложби со свои проекти, од кој најпознат е „Мy Sunshine“, со кој учествуваше на 53тото Венециско биенале, претставувајќи ја Македонија.

Беспрекорно инспириран од храната, познат е и како готвач кој комбинира светски вкусови со фузија од азиски „допир“ на гастрономските патеки, за свои луѓе, но и за публика. Во овој контекст, негов проект е „Соларната кујна“, каде се промовира соларната енергија, преку настани каде се готви и храната и техниката се споделува со публиката. Никола е концептуален уметник кој има учествувано на преку 50 групни изложби, а има и неколку самостојни.


Јелена Џокиќ

Јелена Академија за ентериер и продукт дизајн СКАЛА


Јелена Џокиќ е доктор по технички науки од областа на машинството. Таа работи во областа на индустрискиот дизајн и адитивното производство. Учествувала на домашни и меѓународни изложби во нејзината дејност. Од 2011 е вклучена во наставниот процес на Машинскиот факултет како асистент на предметите кои ги покрива Институтот за Машински конструкции, механизациони машини и возила.

Посветена на биониката и ергономијата, во своите трудови често пати се инспирира од човечките коски, органски форми на движења и ги инкорпорира во својата работа.

Била вклучена на многу развојно истражувачки проекти дома и во странство, поврзани со различни процеси на креирање, конструкција и примена на инженерингот. Професор на Машински факултет, со посветеност за создавање дизајни со примена на различни материјали и адаптација за секакви намени. Дел е од неколку научни трудови токму во областа на продукт-дизајнот и реверзибилното инженерство.


______


Упатуваме и поздрав до останатите ментори без кои не би била комплетна оваа листа! Тука се Небојша Вилиќ, Крсто Златков, Кристина Крагујевска и Дејан Џолев.

Ние сме единствена Академија која има активна работа во ателје и можност за директна инволвираност во процесите на изработка.




Уписите за најдобрата Академија за ентериер и продукт дизајн се во тек! Информирајте сѐ повеќе за програмата, менторите и начинот на одржување: тука.