Ви ги претставуваме менторите од Академијата за Product Owner!
Запознајте ги ментори на Академијата за Product Owners | SKALA - Џолев и уметностите

Запознајте ги менторите на Академијата за Product Owner!

806 Comments off UX/UI+, Академии, Професори

Тие се визионери чиј профил на работа создава идни софтвери за дигиталните пространства да работат беспрекорно. Секогаш на пресекот помеѓу програмирањето и уметноста. Секој од нив има различен, но единствен пристап во предавањата, но и работата надвор од Академијата. Ви ги претставуваме нашите ментори од Академијата за Product Owner.


Ви ги претставуваме нашите ментори на Академијата за Product Owner.



Данче Масларова Стојановска


Данче Масларова Стојановска е дипломиран економист во областа на е-бизнисот. Истовремено таа е сертифициран тренер за Scrum и Аgile Product Owner. Со децениско искуство во софтверската индустрија како бизнис и продукт аналитичар, таа е сериозен менаџер на софтверски барања, како и идентификување на бизнис потребите, и нивно преведување во софтверски решенија. Мастер е во техники како bussines rules, user stories, uML diagram artefacts.

Работното искуство го почнува во Waterfall технологиите, за подоцна да транзитира во агилните методологии (Scrum and Agile Product Owner). Денес е водечки Product Owner во софтверска компанија. Води група на проекти во рамки на компаниско решение за здравствени работници, со клиенти од Англија, а корисници се Шведска, Австралија и ЕУ.

Таа е и тренер на обуки за applied product ownership и ментор за кариерен развој.


Дејан Милосавлески



Дејан Милосавлески е дипломиран информатичар од областа на информациските технологии, a неформално образование стекнал на Академијата за веб-дизајн. Кариерата ја започнал како ентузијаст во IT индустријата уште во 2013, како фриленсер во водите на графичкиот дизајн. На само 17 години ја отворил својата прва компанија, маркетинг агенција и продукт- БИЗНИС КАТАЛОГ. Тој е пионер во дигитализацијата и подобрување на веб искуството во Македонија.

Денес работи како надворешен консултант за дигитален развој и дигитализација на компании на нордиски пазар, а е коосновач на Bizniskatalog.mk и Kupisajt.mk. Извршен директор е на Vendor, прва автоматизирана платформа за е-трговија во земјава.

Како UX/UI дизајнер, има изработено проекти за повеќе од дваесет интернационални брендови, педесет домашни компании и целосни веб-дизајн решенија за светски франшизи за домашниот пазар.


Стефан Митевски


Стефан Митески е дипломиран на Машинскиот факултет во областа Компјутерско системско инженерство и автоматика, со магистратура за Менаџмент на животен циклус на производи. Освен домашните дипломи, тој има завршено и неформално образование на универзитети во Шведска и Канада, конкретно на програма за лидери.

Тој е консултант, говорник и претприемач кој успешно ги „вози“ сите свои професии во еден менаџерски профил. Како основач на Systems for Enterprise, Стефан е директно вклучен во креирање софтверски решенија, кои ги користат некои од најголемите осигурителни компании во Северна Америка. Претходно ја градел својата кариера во Македонија, Канада и Германија, со фокус на градење на агилни тимови со висока мотивација.

Стефан е ментор на Startup Weekend, Nasa International Space apps challenge, Code App Level Up. Стефан е иницијатор и основач на една од најголемите балкански групи посветени на скрам фрејмворкот и агилните методологии – Scrum Macedonia. Денес е извршен директор во Systems for Enterprise и консултант/тренер за агилни методологии на неколку германски компании.


Игор Георгиоски


Игор Георгиоски е дипломец на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, сениор веб-програме, дизајнер и scrum-мастер. Иако во почетокот на својата кариера примарен интерес му е UX/UI дизајнот, тој се пренасочува во веб -програмирање и менаџмент на проекти.

Негова голема страст е јавното говорење, видеографијата, организирање и учества на хакатони и конференции. Има учествувано на вкупно 18 хакатони, каде го гради своето искуство за изработка на брз прототип на апликации. Освојува многубројни тимски и индивидуални награди. Најзначајни се прво место во Монтреал, Канада, и второ место на хакатон во Москва, Русија. Љубовта кон видеографијата придонесува неговите видеа да се дел од важни кампањи за промоција на туризмот во Македонија, како и освоени награди на My RodeReel, како асистент на камера.

Искуството го носи во улогата на ментор по програмирање, а денес е косопственик и главен оперативен директор во Кодикс ин и косопственик на Линара Продукција.


______




Уписите за втората генерација од Академијата за Product Owner се во тек! Информирајте сѐ повеќе за програмата, менторите и начинот на одржување: тука.