Аплицирај за стипендија во Скала
повик за стипендии - скала - џолев

АПЛИЦИРАЈ ЗА СТИПЕНДИЈА ВО СКАЛА

772 Comments off Инфо, кариера, Студенти


Доколку си подготвен да го надоградиш своето знаење, да направиш промена во својата кариера, да учиш повеќе од она што те интересира, Скала те повикува на отворен повик за стипендии!

Одлуката да се запишеш на Академиите во Скала значи многу повеќе од влог во твојот личен развој. Значи и можност за промена или надоградба на твојата професионална ориентација во иднина. Наше е будно да ја следиме образовната сфера и креативната индустрија и сакаме да го поттикнеме секое лице коe верува во неформалните образовни процеси, да може утре успешно да креира, работи и создава.


Важно ни е да имаме силни групи во кои ќе има активни, креативни студенти кои се мотивирани да го учат она што го сакаат. Целта на овој повик ни е да ви обезбедиме финансискиот бенефит кој е олеснувачки и во ваша полза!

Мотивот кој нѐ води е дека создаваме и креираме вредности заедно, ја полниме дизајн сцената и креативната индустрија со нови лица, а од тоа нема поголема радост!

И зад сево ова целосно стоиме и затоа постоиме.


Скала Школата за дизајн оваа учебна 2023/24 отвора повик за вкупно 30 стипендии, од кои:

6 целосни стипендии
12 делумни стипендии
12 ваучери со 25% попуст на Академиите за:

Академија за ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН
Академија за UX/UI+
Академија за ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ
Академија за МОДЕН ДИЗАЈН
Академија за ЕНТЕРИЕР И ПРОДУКТ ДИЗАЈН
Академија за ФОТОГРАФИЈА


★★★

Овде можете да прочитате подетално за предметите, менторите, начинот на студирање и можностите за кариера: https://djolevandthearts.edu.mk/academy/

АПЛИЦИРАЈ НА СЛЕДНАВА ФОРМА: https://forms.gle/SU1bcd8E6etUauFu9

Кандидатите кои ќе аплицираат ќе бидат повикани на кратко интервју со координаторите и дел од наставниот кадар на академиите. Ќе имаат можност да се претстават пред нив преку два типа на интервјуа: кандидати со порфолио и кандидати без порфолио, но со интерес за личен развој и преквалификација или преку портфолија и дела за понатамошно надоградување во дејноста од интерес.

Прочитај повеќе и аплицирај веднаш! 

За повеќе прашања, јавете ни се:

✆ 076 266 740

11 ГОДИНИ! Скала Школа за дизајн

Ве очекуваме и среќно!