Визуелна порака за загаденоста на охридскиот брег I Skala
Визуелна порака за загаденоста на охридскиот брег I Skala

Студентите од „Скала“ со визуелна порака за загаденоста на охридскиот брег

Една од примените на дизајнот е тоа што треба да облагородува, но и да предизвикува бунт. Треба да информира и алармира за социјалните и општествените текови.

Зборуваме со нашите студенти на Академијата за графички дизајн, Станка Џекова, Марија Стојановска и Марија Ангелова, за нивниот семестрален проект „НиЕ СМЕ КУЛ“ којшто испраќа силна еколошка порака.

Проектот е изработен во рамките на предметот „Применета фотографија во социјални медиуми“, под водство на менторот Дејан Џолев, каде што задачата на студентите е развијат концепт за фотографија којашто подоцна ќе ја применат во дизајн на постер. 

Почетната точка при креирањето на овој проект беше детектирањето на општествен проблем, што за студентите значеше длабоко „нуркање“ во еколошките состојби во околината, но и во свеста на јавноста. 


студентски осврт-охрид-марија-станка-графички-дизајн-академија-социјални медиуми- постер-скала-џолев


Ja обработувавме оваа тема/идеја поради…

Марија А: Дискутиравме за различните аспекти на загадувањето и оваа тема ја избравме најмногу поради состојбата со којашто се соочува Охридското Езеро. Наша одговорност е да ја подигнеме свеста за ова критично прашање.

Станка: Да се смисли креативно решение на популарна тема каква што е „Загаденост“ не беше воопшто лесно. Ни се чинеше дека сѐ е веќе видено, а ние сакавме да биде нешто оригинално. Во процесот на истражување, дојдовме до сознанија дека градот Охрид може да го изгуби статусот на заштита под УНЕСКО и тука се роди идејата.



За соработката со менторот би сакал/а да кажам…

Станка: Менторот Дејан Џолев беше присутен за консултации во текот на целиот процес и нѐ научи како длабински да навлеземе во процесот на креација – нѐ поттикна да одиме до Охрид, да се инспирираме од самата околина и да донесеме материјали. Дури и кога мислевме дека сме задоволни од конечното дело, тој ни покажа дека можеме уште повеќе и со ироничен пристап, делото доби сосема различна димензија и приказна.

Марија С: Кога ја презентиравме идејата на менторот Дејан Џолев, тој веднаш нѐ охрабри и рече: „Дечки, би било супер да одите во Охрид и од плажите да соберете сѐ што ќе најдете“. Така и беше – се прошетавме низ плажите на Охрид и најдовме дури и долги јажиња со искршени пластики коишто потсетуваа на охридските бисери. Во Скопје се вративме со три ќеси ѓубре!


студентски осврт-охрид-марија-станка-графички-дизајн-академија-социјални медиуми- постер-скала-џолев



ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ 6 АКАДЕМИИ ЗА ДИЗАЈН [ТУКА]
Академија за графички дизајн
Академија за UX/UX+ дизајн
Академија за визуелни уметности
Академија за моден дизајн
Академија за ентериер и продукт дизајн
Академија за фотографија


студентски осврт-охрид-марија-станка-графички-дизајн-академија-социјални медиуми- постер-скала-џолев



При процесот на креирање, се соочивме со…

Марија А: Кога се вративме од Охрид со материјалите, веднаш се распакувавме во студиото и се впуштивме во задачата да најдеме привлечна композиција за нашиот постер. 

Марија С: Имавме доста материјал со којшто можевме да работиме, го селектиравме отпадот по бои, материјали и форми. Потребни ни беа два дена фотографирање во студио, додека да дојдеме до крајно решение. 

Станка: При процесот на креирање, најголем предизвик беше да се направи самата композиција од собраните отпадоци. Поминавме низ мнооогу пробни решенија: од различни пејсажи, до многу апстрактни композиции…

Марија С: На крајот, се одлучивме за првичните фотографии, отпадниот материјал го поделивме на четири бои и креиравме четири постери коишто можат да функционираат заедно и самостојно. Тонот на пораката и слоганот ги дополнивме со сарказам и иронија, со цел да предизвикаме внимание.


Другарски совет за сите оние кои сакаат да се запишат на Академијата за графички дизајн

Станка: Графичкиот дизајн е за сите оние кои никогаш нема да се презаситат од култура и уметност. Луѓе чија креативност не прифаќа ограничувања.

Марија А: Бидете креативни и оригинални, отворени за нови идеи и предизвици!

Марија С: Низ проектот, но и низ сите останати, научив многу. Од менторите, од самата Академија за графички дизајн. Се запознав и дружев со супер креативни и отворени луѓе и би ги советувала сите што се двоумат (како што и јас се двоумев) веднаш да го направат првиот чекор и да се запишат! Ништо не можеш да изгубиш – напротив,  добиваш многу!

студентски осврт-охрид-марија-станка-графички-дизајн-академија-социјални медиуми- постер-скала-џолев


Девојки, ви благодариме за споделеното искуство како и посветеноста на проектот и силната порака којашто ја испраќате до јавноста. Која е силната порака којашто сакаш да ја испратиш ти? – Погледни ја програмата на Академијата за графички дизајн и искористи го попустот, раните уписи се во тек, те очекуваме!