Од атељето на Скала до модна писта! - Академијата за моден дизајн

Од атељето на Скала до модна писта!


Зборуваме со Снежана Ефкоска, Орце Наумовски и Тиана Јовиќ за нивниот семестрален проект на Академијата за моден дизајн, под водство на менторот Александар Ношпал, каде што успешно ги скроија своите лични приказни во парчиња облека.

Проектот е реализиран во рамките на предметот „Модна колекција“ којшто е дел од вториот семестар на Академијата, вклучувајќи темелен процес кон развој и разработка на модна колекција. 

Низ разговорот со нашите студенти, ви го споделуваме искуството при дизајнирање на модните колекции, процесот на учење како и финалните парчиња облека коишто ги откриваат нивните модни перцепции, оригиналност и уникатни пораки испратени преку дизајнот, но и вештина преку равој на идеја, преку модна илустрација и технички цртеж да се конструира, скрои и сошие финално парче облека.

Ви презентираме само по еден + еден „аутфит“ од модните колекции. Ова е само дел од приказната, епилогот ќе го презентираме на есенскиот „Моден викенд Скопје“.

Снежана Ефкоска

Снежана Ефкоска ја дизајнираше колекцијата „Pure Dream“ под нејзиниот моден бренд evila и слоганот: „Ќе бидам жената од моите соништа!“. Нејзината колекција изобилува со земјени тонови и природни материјали како лен и памук низ коишто вешто се вметнати и рачни изработки од плет.

Се одлучив за оваа тема поради…

Брзиот начин на живот со којшто се соочуваме и главниот недостаток на време за себе, до моментот кога сфаќаме дека треба да ги земеме соништата во свои раце. Мојата колекција „Pure Dream“ е создадена со љубов и цел да придонесе кон личната сигурност и самодоверба. Боите и тоновите коишто се дел од колекцијата придонесуваат парчињата  да може да се комбинираат со монохроматски стајлинг, а и меѓусебно.

При процесот на креирање, се соочив со…

При почетоците се соочив со голем страв кој многупати ме блокираше. Но, поривот за промена и стекнување на нови вештини и искуства, силно ме водеше низ соочувањето со сите предизвици при процесот на дизајнирање. Сега кога студиите се завршени, можам да кажам дека „храбар човек – храбар студент“ е оној кој не се плаши, туку оној кој се соочува со сопствениот страв!


За соработката при процесот, за менторот би сакала да кажам…

Периодот поминат со менторот Ношпал за мене беше предизвик, задоволство и целоживотна благодарност. Неговата посветеност дефинитивно ми помогна во остварување на мојот сон! (Pure Dream). Со неговите насоки, придонесе како јас, така и останатите студенти, да се развиваме и да станеме големи сонувачи, учејќи нѐ на несебичност, посветеност, колегијалност и најважното – градење кариера во модниот дизајн.


Другарски совет за сите оние кои сакаат да се запишат на академија во „Скала

Годините се само бројка, бидете храбри, соочете се со стравот и покажете ја креативноста. Сѐ додека верувате, ќе ве следи успех, а успехот започнува со секој нов предизвик, нека вашиот следен предизвик биде Академијата за моден дизајн!

Орце Наумовски

Орце Наумовски ја дизајнираше колекцијата „CXXXXXBER“ , црпејќи инспирација од cyber punk-от, потжанр од научната фантастика, за којшто се карактеристични дистопијско-футуристички светови.

Се одлучив за оваа тема поради…

Едноставно, ја избрав оваа тема, бидејќи cyber punk-от ми е омилен потжанр на научната фантастика и така почна сѐ. Сакав од мое гледиште да ја претставам сликата за футуристичката дистопија како дел од cyberpunk-от и истата да ја преточам во модна колекција.

При процесот на креирање, се соочив со…

При процесот на креирање се соочив со неколку предизвици, еден од нив беше изработка на текстура, бидејќи одредени материјали првпат ги имав во рака. Следниот предизвик беше изработката на одредени делови од облеката во мојот случај, тоа беа ракавите коишто од првичните илустрации понатаму беше потребно да ги претставам на технички цртежи, користејќи алатки како Adobe Illustrator и сл.


За соработката при процесот, за менторите би сакал да кажам…

Од страна на менторот, секогаш добивав детални и јасни инструкции во врска со изработката на севкупниот проект. Постојано беше достапен за да ни даде одговор на прашањата коишто ги имавме, а лично мене особено ми помогна со неговите совети,  упатувајќи ме во точната насока.


Другарски совет за сите оние кои сакаат да се запишат на академија во „Скала

Другарски совет? Најтешкиот дел е да се седне и да се работи! А потоа – делата сами зборуваат.

Тиана Јовиќ

Тиана Јовиќ ја дизајнираше колекцијата „Супернова“ креирана за сите жени и девојки кои се амбициозни, доминатни, моќни и успешни. Пеку нејзиниот впечатлив дизајн за кој се карактеристични елементите од вселената со фокус на ѕвездите таа го отсликува чувството на самодоверба и автентичност.

Се одлучив за оваа тема поради…

Со оглед на тоа дека имавме слобода при бирање на темата, се одлучив за темата „Супернова“. Сакав да биде несекојдневно и уникатно, а сепак да има силно значење коешто ќе мотивира и инспирира. Зошто баш „Супернова“? – Затоа што тоа е ѕвезда во експлозија којашто го достигнала својот потенцијал. Токму тоа е мојата инспирација. Лично сметам дека сите сме дојдени на планетата со мисија којашто треба да ја исполниме. Секој од нас треба да остави трага и да биде запаметен по своите дела, додека е тука. 😊

При процесот на креирање, се соочив со…

На почетокот, кога почнав да ја креирам колекцијата, се соочив со огромна блокада. Се прашував како да ја доловам идејата зад колекцијата и како да го претставам феноменот „супернова“. Размислував и за тоа дали колекцијата да биде спортска или елегантна, но на крајот, стигнав до нешто коешто ме претставува мене и пораката којашто сакам да ја пренесам… нешто што е вредно, ново и уникатно за сите.


За соработката при процесот, за менторите би сакала да кажам…

Благодарна сум за секоја пофалба, насока од страна на менторот Ношпал, а уште повеќе за секоја конструктивна критика, затоа што токму тие совети и насоки направија да сум поупорна и поцврста во процесот на дизајнирање.


Другарски совет за сите оние кои сакаат да се запишат на академија во „Скала

Верувајте во себе и во своите соништа, бидете упорни и не дозволувајте некој да ве убеди дека не можете да го постигнете тоа што ќе го замислите. Единствена граница и пречка на вашиот пат до успехот можете да бидете само вие самите. Токму затоа, ве советувам да преминете преку сите препреки и да се запишете на Академијата за моден дизајн.


Дечки, ви благодариме за прекрасните модни парчиња и инспиративни модни колекции коишто во целост го отсликуваат вашиот стил како модни дизајнери. Ви посакуваме уште многу успех во вашата модна кариера.

Раните уписи на Академијата за моден дизајн се веќе во тек, зграпчи ја шансата и искористи го попустот за уписи, те очекуваме!


Фотографија: Ана В’чкова
Модел: Јана Петровска


ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ 6 АКАДЕМИИ ЗА ДИЗАЈН [ТУКА]
Академија за графички дизајн
Академија за UX/UX+ дизајн
Академија за визуелни уметности
Академија за моден дизајн
Академија за ентериер и продукт дизајн
Академија за фотографија

✰ ✰ ✰