Ќе може ли една порција микропластика и чаша вода?
Ви споделуваме дел од искуството на студентите од Академијата за графички дизајн низ разговорот со Валентина Ѓорѓиева, Давид Пачемски, Цветанка Стоилова и Александар Сандов кои соработуваа во рамките на проектот „Знаеш ли што јадеш“?
Проектот е дел од активностите на предметот Применета фотографија, под менторство на Дејан Џолев, а нивната задача како група беше да развијат концепт за фотографија којашто подоцна ќе ја применат во дизајн на постер.
Комбинирајќи ја уметноста и технологијата, преку овој проект, студентите имаа можност да искористат различни дизајнерски елементи за да создадат впечатливи визуелни содржини со порака којашто буди интерес и љубопитност кај публиката. Пораката којашто ја пренесуваат е од еколошки карактер, ставајќи акцент на несвесното внесување на микропластиките во човечкиот организам.
Ja обраотував оваа тема/идеја поради…
Валентина: Преголемата количина на пластика во нас и околу нас. Преку овој проект, сакаме да ја подигнеме свеста за тоа колку пластика внесуваме преку нашата исхрана.
Цветанка: Избравме три вида на широко позната храна претставена во пластична форма, надополнета со соодветни елементи за да го вклучиме алармот кај нас самите и да се запрашаме дали навистина знаеме што јадеме.
Давид: Изработивме серија од три плакати на коишто се прикажани фотографии од источна и западна македонска кујна, со слоганот „Знаеш ли што јадеш?“ – Ова иронично прашање е поставено директно кон публиката/ читателот за да може ретроспективно да се соочи со проблемот на загадување.
Александар: Нашата цел беше да ја подигнеме свеста кај луѓето преку визуелен дизајн и порака којашто ќе поттикне дејствување.
При процесот на креирање, се соочив со…
Александар: Потреба од многу истражување и креативно размислување за да ги претставиме своите идеи на интересен, визуелен начин. Соработувавме многу блиску како група, споделувавме идеи и распределувавме задачи, што не само што нè научи како да работиме како тим, туку и ја зголеми нашата креативност и продуктивност.
Валентина: Прекрасни идеи и позитивна енергија којашто секогаш беше присутна за време на нашата работа. Имавме одлична организација и супер соработка, но се соочивме и со неколку предизвици за време на сет-дизајнот.
Давид: Создавање на концепт беше само дел од предизвикот, сет-дизајнот имаше битна улога во креативниот процес, бидејќи стилизиравме храна изработена од отпад, односно пластика. Користејќи техники на лепење и комбинација од различни елементи, на вешт начин создадовме спој од повеќе материјали. Особено внимание посветивме на дизајнот на типографијата којашто беше рачно изработена и артистична по својот стил.
Цветанка: На почетокот, нашата група размислуваше да користи само суши, за коешто знаеме дека е храна од јапонско потекло, во разговор со менторот одлучивме да ја приспособиме нашата идеја на нашата земја за да има поголемо влијание врз јавното мислење. Така, на крај добивме три постери.
За соработката при процесот, за менторот би сакал/а да кажам…
Цветанка: Менторот Џолев одблиску ја следеше целата наша работа и неговите совети имаа клучна улога во реализација на проектот, успевајќи подобро да ги насочи нашите идеи и креативни напори.
Давид: Ни помогна во процесот на развивање на идејата за македонска традиционална храна, односно да се обратиме кон локална целна група. Таа насока овозможи пораката да биде пренесена во целост.
Александар: Соработката со менторот Џолев беше клучна за нашето искуство. Неговите совети ни помогнаа да ги надминеме предизвиците и да го подобриме нашиот дизајн.
Валентина: Многу често ни даваше совети за самиот проект, но и за проекти во иднина.
ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ 6 АКАДЕМИИ ЗА ДИЗАЈН [ТУКА]
Академија за графички дизајн
Академија за UX/UX+ дизајн
Академија за визуелни уметности
Академија за моден дизајн
Академија за ентериер и продукт дизајн
Академија за фотографија
Другарски совет за сите оние кои сакаат да се запишат на академија во Скала…
Давид: Доколку сте отворени кон реална критика и имате желба да го развиете вашето знаење на професионално ниво, тогаш Академијата за графички дизајн е правиот пат за вас! Ја имате можноста да се изразите артистички/ креативно и да се запознаете со многу интересни луѓе.
Цветанка: Моето искуство во текот на Академијата за графички дизајн е повеќе од позитивно и без двоумење би ја препорачала на секој кој би сакал да навлезе во светот на дизајнот и уметноста. Ве очекуваат предизвикувачки моменти, но и незаборавни периоди на учење и себеоткривање.
Александар: За сите оние кои сакаат да се запишат на Академијата за графички дизајн, би им препорачал да се отворат кон нови идеи и да бидат посветени на своите креативни инстинкти. На Академијата ќе научат не само графички вештини, туку и како да размислуваат креативно и да го изразат својот стил преку дизајн.
Валентина: Доколку дизајнот е дел од вашите интереси и креативноста ве прави среќни и задоволни, сега ја имате приликата тоа задоволство да го имате секој ден. Запишувањето на Академијата е вистинскиот чекор за да дознаете дали припаѓате во светот на креативните индустрии, воедно да стекнете нови знаења и вештини. Аплицирајте за позитивна промена и личен раст и развој!
Дечки, ви благодариме за споделеното искуство, како и посветеноста на проектот и силната порака којашто ја испраќате преку вашиот дизајн.
Која е силната порака којашто сакаш да ја испратиш ти? Погледни ја програмата на Академијата за графички дизајн и искористи го попустот, раните уписи се во тек, те очекуваме! ♥