Скала погоре - три нови академии и нов веб сајт!

Скала погоре – три нови академии и нов веб сајт!

2790 Comments off Некатегоризирано



Од најголемата дизајн-заедница, како одговор на потребите на современиот пазар, прераснавме во образовна институција со широко портфолио од областа на технологиите и комуникациите.

На 15 февруари, просториите на „Скала“ беа претесни да се соберат сите насмевки. Скалаџии имаа неколку причини за тоа, одиме со ред.


Причина бр. 1. Академија за дигитален маркетинг

Скала и Пиксел го објавија отворањето на новата академија за дигитален маркетинг

Ентузијастите за дигитален маркетинг отсега имаат нова можност за квалитетна теоретска и практична едукација благодарение на партнерскиот проект на водечката Школа за дизајн и технологија Скала и компанијата лидер во областа на дигиталниот маркетинг во Македонија, Пиксел.

Новата академија за дигитален маркетинг ќе им овозможи на студентите да научат како да креираат и имплементираат ефективни стратегии за дигитално промовирање на брендови, продукти и услуги. Наставниот план ќе ги опфати сите аспекти на дигиталниот маркетинг, како што се: SEO, SEM, SMM, е-маил маркетинг, контент маркетинг, аналитика и мерење, како и многу други клучни вештини за сеопфатно совладување на предизвиците што ги носи професијата. 

Студентите ќе имаат можност да работат на реални проекти со клиентите на Пиксел, како и да добијат менторство и совети од искусни предавачи од компанијата.


Димитар Јовевски, партнер и директор за бизнис развој во Пиксел, во оваа прилика изјави:

Ние сме многу возбудени за овој проект бидејќи веруваме дека дигиталниот маркетинг е една од клучните вештини за современиот бизнис. Со оваа академија сакаме да ги споделиме нашите знаења и искуства со новата генерација на дигитални маркетери, кои ќе можат да придонесат во остварувањето на визијата на многу компании кои се стремат кон раст и поголема конкурентност на глобалните пазари.

Ова е најобемна академија од ваков тип, со најголем фонд на часови и најширок менторски тим со вкупно 16 ментори (од кои 5 универзитетски професори и 6 главни менаџери на компании). 

АКАДЕМИЈА ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ

Студентите ќе имаат можност да работат на реални проекти со клиентите на Пиксел, како и да добијат менторство и совети од искусни предавачи од компанијата.


Уписите на академијата се во тек. Искористи го раниот уписен рок (-500 евра) кој е активен до 15 март. [погледни повеќе]


Причина бр. 2. Академија за човечки ресурси (HR) + регрутација

Со истата преданост кон квалитетот на образованието, „Скала“ ја отвори и Академијата за човечки ресурси (HR) и регрутација.

На оваа програма работевме подолг временски период, внимателно анализирајќи ги потребите на пазарот, во консултација и соработка со влијателни лица од бизнис- секторот, креирајќи академија којашто ќе им обезбеди на студентите сестрани познавања и практични вештини во областа на управувањето со човечките ресурси, оваа академија нуди методики коишто ги покриваат сите аспекти на HR, вклучувајќи ги регрутирањето и меките вештини. 

Академијата за човечки ресурси на Скала е сеопфатно патување за сите кои имаат интерес да ја спознаат практиката на управување со работната сила на една организација. Обезбедуваjќи стабилна основа во клучните области неопходни за успех во професијата, на студентите им се овозможува истражување на секој аспект од современите практики. Водена од искусни и вешти инструктори со долгогодишно практично искуство, заедно со остроумни гости говорници, програмата обезбедува суштинска и богата средина за учење и напредок. – Изјави Ана Делчевска HR Operations Manager во RLDatix и менторка на Академијата. 

АКАДЕМИЈА ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ (HR) + регрутација

Академија со физичко присуство којашто го поттикнува креативниот и интелектуалниот потенцијал и високите стандарди на студентите, подготвувајќи ги да станат влијателни креатори и иноватори во оваа дејност.


Уписите на академијата се во тек. Искористи го раниот уписен рок (-500 евра) кој е активен до 15 март. [погледни повеќе]


Причина бр. 3. „Скала“ има нов веб-сајт // www.skala.edu.mk

Новите академии и раниот уписен рок ги објавивме преку лансирање на нашиот нов веб- сајт: www.skala.edu.mk на којшто со радост работевме изминатиот период заедно со тимот од дигиталната маркетинг-агенција Tivius, под водство на Благој Ѓелески кој меѓудругото и е ментор на Академијата за UX/UI+ дизајн.

Проектот „редизајн на веб страната на Скала“ за нас тимот на Тивиус беше од една страна голема чест, но од друга и огромен предизвик. Предизвикот во суштина беше наоѓање совршен баланс помеѓу тоа да креираме една модерна, елегантна и секако добра на изглед веб страна, отсликувајќи ја Скала како една од најреномираните и најстари академии за дизајн во Македонија, и помеѓу продажната функција на веб страната, која според мене е примарна за секоја веб страна. 
Сметам дека овој баланс го постигнавме прилично елегантно. Прво, имплементиравме модерни, линиски, некаде и интерактивни секции и елементи. Второ, додадовме секции со приказни, тестимонијали, партнери, блог со повеќе категории, икони со разни придобивки и статистики, и секако суптилни popup-и. И трето, имавме одличен инпут од тимот на Скала од аспект на самите фотографии и текстови за сајтот, кои се уникатни и на чие комплетирање тимот на Скала работеше напорно изминатиов период.


Особено не радува што во овој проект беше вклучена и нашата алумни-студентка, Аника Радевски која го направи графичкото уредување на веб страната.

Овој сајт е едно од моите први искуства во UX/UI-кариерата. Се радувам на можноста да соработувам со тимот од професионалци на Tivius и секако, ништо од ова не би било можно без студирањето на академијата. -изјави Аника. 

Скала на 15-ти беше епицентар на networking-от! Тука беа влијателни чинители на локалната бизнисзаедница, ментори, соработници и студенти. 

Мезевме јагоди и чоколада, а се освежувавме и честитавме со шампањ. 

Уживавме во „лудиот“ музички перформанс на маестро Лука, фронтменот на најпопуларниот македонски бенд Funk Shui, а „чилавме“ на звукот од DJ Марко Вилиќ.

Уписите за новата учебна година се во тек. 
Побрзајте, раниот уписен рок е активен до 15-ти март. 
Заштеди 500 евра!