Како до успешна фриленс кариера
како до успешна фриленс кариера-александра азманова-горјан стојановски-скала-школа-академии-џолев

Како до успешна фриленс кариера

2504 Comments off Некатегоризирано

Ги откривме првите чекори до успешна фриленс-кариера во 2024!
Неодамна бевме дел од серијалот настани: „Од почетник до успешен фриленсер“ во организација на „Импакт фондација“ којшто се одржа во просториите на „Startup Club“ -Скопје.

Настанот беше наменет за сите млади кои размислуваат да започнат со фриленс–работа како и за оние кои веќе се на почетоците од нивната кариера. Преку отворена дискусија и интеракција со учесниците, споделивме клучни совети и насоки за: како да се стигне до првиот клиент, како да ги наплатите вашите услуги, но и што е клучно за да се издвоите на пазарот.

Говoрници на настанот беа: Горјан Стојановски, фриленсер во областа на дигиталниот адвертајзинг со долгогодишно искуство во индустријата, како и ментор на курсот Be free. Be a freelancer во „Скала“ и Александра Азманова, фриленсер која работи како email-дизајнер во еcommerce-сферата како и алумни–студент на Академијата за UX/UI–дизајн во „Скала“.


За време на настанот, Горјан и Александра ја имаа можноста да ги споделат нивните научени лекции од повеќегодишната фриленс–кариера, а повеќе од 100 учесници беа пријавени да ги слушнат нивните „tricks and tips“ за односи со клиенти. 

Поради големата заинтересираност за настанот, издвоивме дел од дискусијата, клучни мисли и совети за сите кои не успеаа да ни се придружат. Уживајте!

Дискусијата започна со прашањето кои се предности и слабости за почеток на freelance–кариера, пред 5 год. и денес, на што Горјан сподели…

Нашето поле е доста динамично, па во изминатите 5 години имаше доста промени. Позитивните промени се сведуваат на оние поврзани со подобра поддршка на локално ниво, како и градење на една заедница којашто може многу да помогне. Имаме олеснет пристап до алатки, плаќање и други информации. Додека негативните промени произлегуваат од истата причина. Зголемената популарност на светско ниво направи сè повеќе луѓе да бидат присутни на платформите што значително го отежнува процесот на наоѓање работа во споредба со минатото. Тоа не значи дека денес условите се толку отежнати што не се исплати да се започне, туку дека порано беше златното доба на фриленсерството за земји како Македонија и сега полека транзитираме кон фаза каде што овој животен стил созрева.


Еден од главните совети од страна на говорниците до сите учесници на настанот се однесуваше на развојот на меките вештини. Изборот на фриленс–кариера значи многу разговори со клиенти, градење на личен бренд и поседување на преговарачки вештини.

Токму затоа, програмите на академиите во „Скала“ се осмислени на начин што им нудат на студентите да се стекнат не само со технички вештини во одредена област, туку и со меки вештини  и фриленскингот коишто ги учат во рамките на предметот Кариера кој е задолжителен предмет на сите академии во „Скала“. Нашата алумни–студентка  Александра која одлучи да се надогради на Академијата за UX/UI+ дизајн, ни сподели како искуството од академијата ѝ помогна во работата.

Искуството од академијата ми помогна да си го зацврстам и дополнам портфолиото, да ги пополнам дупките во знаењето и да се запознам со нови луѓе кои ќе ме инспирираат и мотивираат да се искачам на следното ниво како дизајнер и freelancer.


Горјан како ментор на курсот Be free be freelancer, објасни зошто е важно младите да бидат запознаени со можностите за freelance-кариера и кои се придобивките од истата…

Придобивки има премногу и за сите се различни. За мене, најважни се можностите за поголема заработка, комуникација и учење од компании коишто функционираат во високо развиените економии и зголемената слобода којашто се искусува од ваков тип на вработување.

Целта на нашето учество во вакви настани, како и самиот курс е да им се помогне на идните генерации фриленсери кон полесен кариерен почеток, па затоа ви издвојуваме 3 од многуте совети на Александра коишто ги сподели за време на настанот..

Неколку совети коишто би ги издвоила за сите кои сакаат да започнат со freelance, би биле постојано да си ги надоградуваат своите вештини и да го апдејтираат своето порфолио со релеванти проекти со коишто се гордеат, а доколку немаат такви, да работат на нивни „passion projects“ или проекти од академијата и тие да ги наведат во своето портфолио. Следно е да прават детални анализи за тоа што бара пазарот и да најдат начин како да се издвојат од сите други кои аплицираат за истите проекти. И најважно, кога аплицираат, да посветат поголемо внимание на пишувањето на cover letter и да објаснат зошто треба да го добијат проектот, зошто се тие the perfect fit for the job и како тие со нивниот skill set и искуство ќе придонесат до заедничката соработка и успешното завршување на зададените обврски.


По одржувањето на настанот, поразговаравме и со Огнен Јанкуловски -координатор на проектот од „Импакт фондација“ за тоа која е потребата за организирање на ваков тип на настани и зошто се важни, а тој ни сподели…

Самовработувањето преку хонорарни или „нестандардни“ форми на вработување стана современа карактеристика на пазарите на труд на глобално ниво, а сè повеќе се појавува и во Источна Европа и Западен Балкан. Во следните неколку години, ваквите трендови ќе преземат голем процент од работната сила во споредба со стандардизираното вработување. Freelancing овозможува луѓето да имаат повеќе слобода во приватниот и работниот живот преку можноста да одбираат кога и за кого ќе работат. Freelencer-ите немаат стандардно време на работа, односно не мора да седат во канцеларија 8 саати на ден, тие можат сами да си го организираат времето како што им одговара.

Преку овие настани, овозможуваме искусни freelencers да го споделат нивното искуство и знаење со новата генерација на амбициозни и искусни професионалци. Досега организиравме 4 настани каде што 200+ учесници, идни фриленсери, имаа можност да добијат совети за започнување на фриленс–кариера и да ги слушнат искуствата на успешните фриленсери.

Настанот беше реализиран во рамките на проектот „Проширување на можностите за претприемништво на младите и економско зајакнување на жените”, поддржан од Амбасадата на САД.

Благодарни сме на вакви соработки, се надеваме дека ќе ги има уште многу, остануваме да растеме и да се надоградуваме за отварање повеќе можности за нашите студенти!

Уписите за новата учебна година се во тек.
Побрзајте, раниот уписен рок е активен до 15-ти март.
Заштеди 500 евра!
[погледни тука]