курсеви
ADOBE PHOTOSHOP: ПОСТПРОДУКЦИЈА И МОНТАЖА НА ФОТОГРАФИЈА
Задолжителна програма за секој фотограф! Ментор на програмата „Курс по постпродукција на фотографија“ која ќе се реализира по дваесетти пат е Дејан Џолев (филмски режисер и визуелен артист).
Во текот на курсот учесниците креативно ќе ги искористат вредностите на фотографијата од технички, ликовен и драматуршки карактер.
ПОЧЕТОК:
19.03.2022ADOBE ILLUSTRATOR: ДИЗАЈН НА ИЛУСТРАЦИЈА
За сите креативци кои имаат потреба од векторска графика, дигитална илустрација и графички дизајн!
Програмата има за цел техничко изучување на алатката ADOBE Illustrator. Покрај тоа учесниците ќе имаат можност да се запознаат на елементарно ниво од областа на графичкиот дизајн, преку методолошки концепти и работа на практични проекти.
ПОЧЕТОК:
20.03.2022ФОТОГРАФИЈА
Курсот по фотографија ќе се оддржи по 23-ти пат под менторство на мултимедијалниот уметник Дејан Џолев во соработкa со фотографот Драги Неделчевски и професионални фотографи, фоторепортери, режисери, сликари, драматурзи, актери, модни дизајнери, фотомодели…
ПОЧЕТОК:
19.03.2022КРЕАТИВНО ПАТУВАЊЕ НИЗ ПРИКАЗНА И ПЕСНА: ПИСАТЕЛИ И ПЕЈАЧИ
Децата се најголеми создавачи и најдобри читатели. Преку овие практични работилници ќе се обидеме да им го приближиме јазикот, играта низ јазикот и зборовите на деца од 7 до 12 години.
Со цел да се создаде природна форма на комуникација и разговор со децата преку запознавање со основните форми во книжевноста и литературата, ќе им понудиме креативно патување во кое и тие самите ќе земат учество. Креативниот процес ќе значи вклученост, едукација, забавно откривање на јазикот и целосна слобода на изразот.
ПОЧЕТОК:
03.04.2022ДЕТСКА ЕДУКАЦИЈА И ЗАБАВА: ДРАМСКИ АКТЕР
Квалитетот на исхраната е важен фактор за физичкиот развој на вашето дете, додека уметноста е духовна храна којашто е задолжителна на детското мени за негување на интелектуалниот и креативен капацитет.
KIDS програмите од Џолев и Уметностите, ќе ја поттикнат креативноста, ќе го мотивираат критичкото размислување и социјалната комуникација на секое дете, преку класичните уметнички медиуми, преку јасно дефинирана работна програма, нетрадиционална (современа) претстава и организација на часовите.
ПОЧЕТОК:
05.03.2022РАБОТИЛНИЦА ЗА ДЕЦА И РОДИТЕЛИ: ИМАГИНАЦИЈА
Оваа креативно-едукативна работилница за деца и родители во својата програма обработува актерски вежби и игри преку кои се гради подлабока релација помеѓу детето и родителот. Учесниците на оваа работилница ќе имаат можност да се запознаат со театарот и актерството, на секој час учејќи нов театарски термин кој практично ќе го применат заедно со родителот. Преку креативни вежби за имагинација, Вие како родител, ќе му помогнете на вашето дете да го достигне својот креативен потенцијал, подобро да управува со своите чувства и како овие креативни вежби да ги користи понатаму во секојдневниот живот.
ПОЧЕТОК:
12.03.2022ADOBE AFTER EFFECTS: МОУШН ДИЗАЈН И АНИМАЦИЈА
Оваа програма има за цел да им овозможи на студентите да се запознаат со основите на Adobe After Effects – софтверска апликација за дигитални визуелни ефекти, моушн график, композитинг и 3Д моделирање, кои најчесто за користат за постпродукција на филм, видео игри и телевизиска продукција.
ПОЧЕТОК:
11.03.2022ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ
ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ КОИ САКААТ РЕКРЕАТИВНО ДА СЕ ЗАНИМАВААТ СО ЛИКОВНАТА УМЕТНОСТ!
Програмата е под менторство на Доротеј Нешовски, во соработка со ликовниот уметник Маргарита Симовска.
Учесниците на курсот ќе имаат можност да се запознаат со основите на ликовната уметност преку цртачките и сликарски техники. Ќе ги совладаат принципите на композиција, конструкција на поставка, визирање, градација, топли и ладни бои, тон и поделба на плановите преку користење на различни цртачки и сликарски техники зависно од желбата на партиципиентот и моменталната наставна содржина (молив, туш, акрилни бои, водени бои, четка, шпакла и слично).
ПОЧЕТОК:
20.03.2022ADOBE PREMIERE: ФИЛМСКА И ТВ МОНТАЖА
Оваа програма има за цел да им овозможи на студентите да се запознаат со основите на програмата Adobe Premiere Pro – софтверска апликација за уредување на видеа. Покрај техничкиот аспект, студентите ќе имаат можност да се запознаат со елементарните принципи во филмската и ТВ монтажа.
ПОЧЕТОК:
09.03.2022ФИЛМСКА РЕЖИЈА
Курсот „Филмска режија” претставува елементарно запознавање со процесите на создавање филм или филмска форма, преку практични предавања, филмски проекции и анализи, како и теренски филмски вежби во студио, ентериер и екстериер со филмска опрема и филмски соработници, како и постпродукција и обработка на филмска слика и монтажа во дигиталните софтвери ADOBE Premiere и ADOBE Audition.
ЦЕЛ: Во текот на програмата секој од учесниците ќе биде дел од работен процес (од идеја до снимање кратка филмска форма), која подоцна премиерно ќе биде проектиран на големото филмско платно во „Кинотека на Македонија“. Исто така учесниците ќе имаат можност активно да се вклучат кон создавање на краток игран филм во рамки на програмата „Обука за филмски актер”. На крајот од програмата се доделува Сертификат за успешно реализирана програма.
ПОЧЕТОК:
18.03.2022ФОТОГРАФИЈА
Курсот по фотографија ќе се оддржи по 22-ри пат под менторство на фотографот Драги Неделчевски во соработкa со мултимедијалниот уметник Дејан Џолев и професионални фотографи, фоторепортери, режисери, сликари, драматурзи, актери, модни дизајнери, фотомодели…
ОДРЖАН
ADOBE INDESIGN: ТИПОГРАФИЈА И ДИЗАЈН НА ТЕКСТ
Оваа програма има за цел да им овозможи на студентите да се запознаат со основите на програмата Adobe InDesign. Софтверската апликација InDesign се користи за креирање на постери, флаери, магазини и книги.