Courses - SKALA School

filmski akter

3Д моделирање на облека – Browzwear VStitcher

3Д моделирање на облека – Browzwear VStitcher

By: bule Date: Мар 06, 2024

 

ИЗРАЗЕТЕ ЈА ВАШАТА КРЕАТИВНОСТ СО ЛИЦЕНЦИРАН 3Д СОФТВЕР ЗА МОДЕЛИРАЊЕ НА ОБЛЕКА И БИДЕТЕ ВО ТЕК СО НАЈНОВИТЕ ТРЕНДОВИ ВО МОДНАТА ИНДУСТРИЈА.

Овој курс е дизајниран да ги запознаe студентите со основите на 3D моден дизајн, изработка на шаблони и создавање облека. Студентите ќе се стекнат со практично искуство преку користење на Browzwear Vstitcher, софтвер за 3D моден дизајн со помош на кој ќе ги развијат своите вештини и знаења во областа на модниот дизајн.

Програмата се фокусира на основните техники и проекти за дизајн на облека за да обезбеди силна основа за студентите пред да напредуваат кон посложени концепти и техники за дизајнирање.

ПОЧЕТОК:
25.10.2024
No student enrolled €240.00
10210 Comments off
ФИЛМ И ФИЛМСКИ АКТЕР

ФИЛМ И ФИЛМСКИ АКТЕР

By: slagjanavujoshevic Date: Авг 02, 2022

 

ЗА СИТЕ КОИ ИМААТ ИНТЕРЕС ЗА ГЛУМА И ЖЕЛБА ДА ЈА ИМААТ СВОЈАТА ПРВА ФИЛМСКА ПРЕМИЕРА!

Програмата е под менторство на македонската театарска, филмска и ТВ актерка со интернационална кариера, Слаѓана Вујошевиќ, во соработка со филмскиот режисер, визуелен уметник и основач на Скала, Дејан Џолев.

 

Учесниците на обуката ќе имаат можност да се запознаат со процес на градење на лик и личност, подготовка на кратко сценарио, актерска импровизација и игра пред камера. Секој од учесниците ќе биде дел од практичен актерски процес во којшто ќе бидат реализирани 10 кратки филмски етиди со професионална филмска екипа. Завршните активности од програмата опфаќаат подготовка на кастинг-CV и кастинг-фотографии.

 

На крајот од обуката, учесниците ќе бидат дел од финална изложба и проекција на филмски етиди на којашто ќе им биде доделен сертификат за успешна реализација на програмата.

ПОЧЕТОК:
26.10.2024
No student enrolled €240.00
10677 Comments off