ДЕТСКА ЕДУКАЦИЈА И ЗАБАВА: ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ

ДЕТСКА ЕДУКАЦИЈА И ЗАБАВА: ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ

By: doromarga Date: Мај 31, 2020

Квалитетот на исхраната е важен фактор за физичкиот развој на вашето дете, додека уметноста е духовна храна којашто е задолжителна на детското мени за негување на интелектуалниот и креативен капацитет.

KIDS програмите од Џолев и Уметностите, ќе ја поттикнат креативноста, го мотивираат критичкото размислување и социјалната комуникација на секое дете, преку класичните уметнички медиуми, преку јасно дефинирана работна програма, нетрадиционална (современа) претстава и организација на часовите.

Ментори на програмата се Доротеј Нешовски и Маргарита Симовска.

ПОЧЕТОК:
28.09.2020
No student enrolled Free
1885 Comments off
ДЕТСКА ЕДУКАЦИЈА И ЗАБАВА: ADOBE ILLUSTRATOR

ДЕТСКА ЕДУКАЦИЈА И ЗАБАВА: ADOBE ILLUSTRATOR

By: sandra Date: Мај 31, 2020

Oваа програма има за цел да ја разбуди имагинацијата и креативна слобода кај децата за да можат целосно да ги реализираат своите идеи. Користејќи го Adobe Illustrator можат да направат лого, постер,плакат или било кои други графики наменети за печатење и web публикација. Притоа програмата е прилагодена за деца на возраст од 10-12 год. и истата е насочена кон забавни, практични и стимулативни методи на работа со искусни педагози специјализирани во полето на графички дизајн.

ПОЧЕТОК:
29.09.2020
No student enrolled Free
1836 Comments off
ДЕТСКА ЕДУКАЦИЈА И ЗАБАВА: ADOBE PHOTOSHOP

ДЕТСКА ЕДУКАЦИЈА И ЗАБАВА: ADOBE PHOTOSHOP

By: sandra Date: Мај 31, 2020

Курсот има за цел изучување на програмата Adobe Photoshop (мени, формати, алатки, колор корекции, текстурирање, селекции, ретуширање, маски, монтажа на фотографија…) Наменета е за деца кои сакаат да си „играат” со фотографијата, а истовремено да го научат методолошкиот развој на концептуална фотографија (од идеја преку цртеж, фотографии и финално монтажно фотографско дело). Притоа програмата е прилагодена за деца на возраст од 10-12 год. и истата е насочена кон забавни, практични и стимулативни методи на работа со искусни педагози.

ПОЧЕТОК:
28.09.2020
No student enrolled Free
1836 Comments off
ЛИТЕРАТУРНА СЕКЦИЈА

ЛИТЕРАТУРНА СЕКЦИЈА

By: saradarijan Date: Апр 09, 2020

„Читање под маски“ претставува едукативна онлајн програма која се состои од драмско читање на кратки детски поучни раскази (бајки), преку актерска импровизација и имитација на двајцата млади актери Сара Анастасовска и Даријан Петров.

Проектот „Читање под маски“ е дел од детските секции: Kids and the Arts, при Школата за дизајн и уметност „Џолев и Уметностите“, поддржан од „ЕU со тебе“. Програмата е препорачлива за деца над 4 години.

ОДРЖАН
No student enrolled Free
2339 Comments off