Курс: Техники на кроење и шиење | SKALA

ТЕХНИКИ НА КРОЕЊЕ И ШИЕЊЕ

By: katerinatosheva Date: Авг 02, 2022
 

ЗА СИТЕ КОИ НЕКОГАШ ИМАЛЕ ИДЕЈА И ЖЕЛБА ДА СОШИЈАТ НИВНО ПАРЧЕ ОБЛЕКА!

Програмата е под менторство на Катерина Тошева, специјалист за моделирање облека.

 

Учесниците на обуката ќе имаат можност да се запознаат со алатките коишто се користат при процесот на кроење и шиење, техники на моделирање и изработка на основен терк. Во рамките на обуката, учесниците со насоки од страна на менторот ќе изработат најмалку едно парче облека, почнувајќи со здолниште како основа за стекнување на сите потребни вештини.

 

Сите алатки за потребите на програмата се вклучени во цената.

 

На крајот од обуката, учесниците ќе бидат дел од финална изложба (show room) на којашто ќе им биде доделен сертификат за успешна реализација на програмата.

0 student
€215.00
16206 Comments off

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: 8 седмици • 8 термини • 24 часа

Еден термин се состои од:

• 45 мин. практично предавање;

• 15 мин. пауза;

• 90 мин. вежби.

 

ПРОГРАМА:
Алатки и нивно користење;
Техники на моделирање;
Изработка на основен терк;
Модификација на вшитоци;
Изработка на облека;
Проба на кукла или жив модел;
Анализа и корекции.

 

ЛОКАЦИЈА: СКАЛА – Џолев и уметностите [ул. 50та Дивизија бр.22 – нас. Центар]

 

ЦЕНА: 275€ [плаќање на 3  месечни рати без камата]

ПОПУСТ:
20% за уплата на целиот износ

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: 8 седмици • 8 термини • 24 часа
ПОЧЕТОК: 26 Октомври
ТЕРМИН: Сабота, 12:00ч. – 14:30ч.

 

ЛОКАЦИЈА: СКАЛА – Џолев и уметностите [ул. 50та Дивизија бр.22 – нас. Центар]

 

РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ: 30 Март

 

Со физичко присуство на цела настава (теоретски и практичен дел)

 

ЦЕНА: 275€ [плаќање на 3  месечни рати без камата]

 

ПОПУСТ:
20% за уплата на целиот износ