Курс: Цртање и сликање | SKALA - Џолев и уметностите

ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ

By: doromarga Date: Авг 02, 2022
 

ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ КОИ САКААТ РЕКРЕАТИВНО ДА СЕ ЗАНИМАВААТ СО ЛИКОВНАТА УМЕТНОСТ!

Програмата е под менторство на ликовните уметници и едукатори Доротеј Нешовски и Маргарита Симовска.

 

Учесниците на обуката ќе имаат можност да се запознаат со основите на ликовната уметност преку цртачки и сликарски техники. Ќе ги совладаат принципите на композиција, конструкција на поставка, визирање, градација, топли и ладни бои, тон и поделба на плановите преку користење на различни цртачки и сликарски техники зависно од желбата на партиципиентот и моменталната наставна содржина (молив, јаглен, туш, пастел, акварел и акрил).

 

Сите материјали за потребите на програмата се вклучени во цената.

 

На крајот од обуката, учесниците ќе бидат дел од финална галериска изложба на којашто ќе им биде доделен сертификат за успешна реализација на програмата.

0 student
€185.00
10669 Comments off

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: 8 седмици • 8 термини • 24 часа
ПОЧЕТОК: 11 Мај
ТЕРМИН: Сабота, 16:00ч. – 18:30ч.
 
Еден термин се состои од:

• 45 мин. практично предавање;

• 15 мин. пауза;

• 90 мин. вежби.

 

ПРОГРАМА

1. Слободна тема • Молив;
2. Геометрија • Пастел;
3. Индустриски форми • Лавиран туш;
4. Природни форми • Акварел;
5. Архитектура • Акрил;
6. Пејзаж • Слободна техника [во екстериер];
7. Апстракција • Слободна техника [гости: ликовен уметник];
8. Портрет • Слободна техника.

* * *

 

• Сите учесници ќе ги претстават своите најдобри дела на заедничка изложба, каде ќе бидат доделени сертификати за постигнатиот труд.

 

* * *

 

• Сите материјали за работа се вклучени во цената.

 

* * *

 

ЛОКАЦИЈА:  СКАЛА – Џолев и уметностите [ул. 50та Дивизија бр.22 – нас. Центар]

 

ЦЕНА: 220€ [плаќање на 3  месечни рати без камата]

ПОПУСТ:
10% за уплата на целиот износ одеднаш

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: 8 седмици • 8 термини • 24 часа
ПОЧЕТОК: 11 Мај
ТЕРМИН: Сабота, 16:00ч. – 18:30ч.

 

ЛОКАЦИЈА: СКАЛА – Џолев и уметностите [ул. 50та Дивизија бр.22 – нас. Центар]

 

Со физичко присуство на цела настава (теоретски и практичен дел)

 

ЦЕНА: 220€ [плаќање на 3  месечни рати без камата]

ПОПУСТ:
10% за уплата на целиот износ одеднаш