SKALA School - Скала Школа за дизајн

НАШИ СТАТИСТИКИ

Години

11+

Програми

30+

Ментори

50+

Студенти

3500+

ПОСЛЕДНИ НОВОСТИ

5 предности при РАН УПИС на Академиите во Скала

март 14, 2024

Твојата желба за студирање е наш приоритет, затоа сме подготвени да ги прилагодиме опциите за плаќање според твоите потреби. Имаме различни алтернативи на располагање за да ти го олесниме финансискиот

Прочитај повеќе
жените-неформалните-образовни-можности

Жените и неформалните образовни можности

март 8, 2024

Во 19-тиот век, жените стануваат главни и централни фактори во едукацијата како учителки, туторки и менторки во формалните и неформалните образовни средини. Овие достигнувања денес значат многу за моменталната состојба

Прочитај повеќе
како до успешна фриленс кариера-александра азманова-горјан стојановски-скала-школа-академии-џолев

Како до успешна фриленс кариера

март 7, 2024

Ги откривме првите чекори до успешна фриленс-кариера во 2024!Неодамна бевме дел од серијалот настани: „Од почетник до успешен фриленсер“ во организација на „Импакт фондација“ којшто се одржа во просториите на

Прочитај повеќе
скала-пиксел-академија-за-дигитален-маркетинг

Скала и Пиксел го објавија отворањето на новата академија за дигитален маркетинг

март 5, 2024

Ентузијастите за дигитален маркетинг отсега имаат нова можност за квалитетна теоретска и практична едукација благодарение на партнерскиот проект на водечката Школа за дизајн и технологија, Скала и компанијата лидер во

Прочитај повеќе

Фото-импресии // Вивид -студентска изложба

февруари 28, 2024

На 24 февруари во 20ч, просториите на „Скала“ во рамките на објектот „Јавна соба“ беа центарот на креативното збиднување каде што посетителите дoaѓаа да ги нахранат своите сетила со нови

Прочитај повеќе

Скала погоре – три нови академии и нов веб сајт!

февруари 22, 2024

Од најголемата дизајн-заедница, како одговор на потребите на современиот пазар, прераснавме во образовна институција со широко портфолио од областа на технологиите и комуникациите. На 15 февруари, просториите на „Скала“ беа

Прочитај повеќе

Сѐ уште размислуваш дали Скала е правилниот избор за твојот професионален развој?

АКТУЕЛНИ КУРСЕВИ

3Д моделирање на облека – Browzwear VStitcher

3Д моделирање на облека – Browzwear VStitcher

By: bule Date: Мар 06, 2024
 

ИЗРАЗЕТЕ ЈА ВАШАТА КРЕАТИВНОСТ СО ЛИЦЕНЦИРАН 3Д СОФТВЕР ЗА МОДЕЛИРАЊЕ НА ОБЛЕКА И БИДЕТЕ ВО ТЕК СО НАЈНОВИТЕ ТРЕНДОВИ ВО МОДНАТА ИНДУСТРИЈА.

Овој курс е дизајниран да ги запознаe студентите со основите на 3D моден дизајн, изработка на шаблони и создавање облека. Студентите ќе се стекнат со практично искуство преку користење на Browzwear Vstitcher, софтвер за 3D моден дизајн со помош на кој ќе ги развијат своите вештини и знаења во областа на модниот дизајн.

Програмата се фокусира на основните техники и проекти за дизајн на облека за да обезбеди силна основа за студентите пред да напредуваат кон посложени концепти и техники за дизајнирање.

ПОЧЕТОК:
25.10.2024
No student enrolled €240.00
10328 Comments off
ФИЛМ И ФИЛМСКИ АКТЕР

ФИЛМ И ФИЛМСКИ АКТЕР

By: slagjanavujoshevic Date: Авг 02, 2022
 

ЗА СИТЕ КОИ ИМААТ ИНТЕРЕС ЗА ГЛУМА И ЖЕЛБА ДА ЈА ИМААТ СВОЈАТА ПРВА ФИЛМСКА ПРЕМИЕРА!

Програмата е под менторство на македонската театарска, филмска и ТВ актерка со интернационална кариера, Слаѓана Вујошевиќ, во соработка со филмскиот режисер, визуелен уметник и основач на Скала, Дејан Џолев.

 

Учесниците на обуката ќе имаат можност да се запознаат со процес на градење на лик и личност, подготовка на кратко сценарио, актерска импровизација и игра пред камера. Секој од учесниците ќе биде дел од практичен актерски процес во којшто ќе бидат реализирани 10 кратки филмски етиди со професионална филмска екипа. Завршните активности од програмата опфаќаат подготовка на кастинг-CV и кастинг-фотографии.

 

На крајот од обуката, учесниците ќе бидат дел од финална изложба и проекција на филмски етиди на којашто ќе им биде доделен сертификат за успешна реализација на програмата.

ПОЧЕТОК:
26.10.2024
No student enrolled €240.00
10833 Comments off
ТЕХНИКИ НА КРОЕЊЕ И ШИЕЊЕ

ТЕХНИКИ НА КРОЕЊЕ И ШИЕЊЕ

By: katerinatosheva Date: Авг 02, 2022
 

ЗА СИТЕ КОИ НЕКОГАШ ИМАЛЕ ИДЕЈА И ЖЕЛБА ДА СОШИЈАТ НИВНО ПАРЧЕ ОБЛЕКА!

Програмата е под менторство на Катерина Тошева, специјалист за моделирање облека.

 

Учесниците на обуката ќе имаат можност да се запознаат со алатките коишто се користат при процесот на кроење и шиење, техники на моделирање и изработка на основен терк. Во рамките на обуката, учесниците со насоки од страна на менторот ќе изработат најмалку едно парче облека, почнувајќи со здолниште како основа за стекнување на сите потребни вештини.

 

Сите алатки за потребите на програмата се вклучени во цената.

 

На крајот од обуката, учесниците ќе бидат дел од финална изложба (show room) на којашто ќе им биде доделен сертификат за успешна реализација на програмата.

ПОЧЕТОК:
26.10.2024
No student enrolled €215.00
16206 Comments off
ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ

ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ

By: doromarga Date: Авг 02, 2022
 

ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ КОИ САКААТ РЕКРЕАТИВНО ДА СЕ ЗАНИМАВААТ СО ЛИКОВНАТА УМЕТНОСТ!

Програмата е под менторство на ликовните уметници и едукатори Доротеј Нешовски и Маргарита Симовска.

 

Учесниците на обуката ќе имаат можност да се запознаат со основите на ликовната уметност преку цртачки и сликарски техники. Ќе ги совладаат принципите на композиција, конструкција на поставка, визирање, градација, топли и ладни бои, тон и поделба на плановите преку користење на различни цртачки и сликарски техники зависно од желбата на партиципиентот и моменталната наставна содржина (молив, јаглен, туш, пастел, акварел и акрил).

 

Сите материјали за потребите на програмата се вклучени во цената.

 

На крајот од обуката, учесниците ќе бидат дел од финална галериска изложба на којашто ќе им биде доделен сертификат за успешна реализација на програмата.

ПОЧЕТОК:
27.10.2024
No student enrolled €185.00
11978 Comments off