РЕТРОСПЕКТОР: Активно и успешно лето за Скала и нашите студенти [јули + август]
џолев скала академии за дизајн ретроспектор

РЕТРОСПЕКТОР: Активно и успешно лето за Скала и нашите студенти [јули + август]

774 Comments off UX/UI+, Инфо, Професори, Студенти

Летово никако да стивне. И во јули и август имавме многу интересни настани и активности кои ги одбележаа месециве.

Прочитајте за успесите на нашите студенти и случувања кои ги одбележаа јули и август. Прочитајте и за активностите на нашите ментори, но и информации од неформален карактер.

Ви благодариме јули и август!



НАШИТЕ СТУДЕНТИ


1. Мартин Чичoвски со премиера на сериски филм

„Генерација Бушави“ се одигра премиерно на платното во Кино Милениум! Играниот сериски филм е во режија на нашиот студент Мартин Чичовски од Академијата за визуелни уметности.

Серијата обработува повеќе теми, поврзани околу бурниот живот на младите и злоупотребата на моќ, секојдневието на еден тинејџер… Со уникатна структура, серијалот има шест епизоди, кои наскоро ќе имате можност да ги гледате и пред малите ТВ екрани.

Честитки Мартин!



2. Никола Панов имаше своја изложба на стрип

Студентот на Академијата по визуелни уметности, Никола Панов направи одличен стрип под насловот „Charlie Bang“ кој беше промовиран во Амок Радио бар, проследен со музичка позадина од двајца домашни артисти.

Останаа само уште неколку примероци, побрзајте во Амок Радио бар, по цена од 250 ден.



3. Диме Данов во коавторство со фотографии на изложбатa „Скопски колажи“

Нашиот Диме Данов е неуморен кога е во прашање фотографирање. Како студент на Академијата за визуелни уметности, тој заедно со поетесата од Србија, Валентина Бакти беше дел од изложбата „Скопски колажи“ која се случи во кафе книжарницата „Буква“.



4. Стефан Танков во соработка со Деница Стојкоска направија постер-дизајн за книжевен фестивал

Студентот на Академијата по графички дизајн Стефан Танков заедно со Деница Стојкоска, алумни на Академијата за визуелни уметности го изработија постер-дизајн решението за Фестивалот за европска книжевност „Bookstar“, под слоганот „Brave new wor(l)ds“.



5. Антонио Станков со фотосесија за домашен бренд за костими за капење

Тончи ни е неуморен! Ова лето нашиот поранешен студент, асистент и вечен фотограф од Студио 1, фотографираше наша поп ѕвезда, пејачката Викторија Лоба за потребите на летната колекција на еден домашен бренд за модни додатоци.



НАШАТА ШКОЛА…


6. Започнаа уписите на нашите курсеви!

Оваа година имаме четиринаесет обуки од областа на уметноста, дизајнот и технологиите, а како новитет се курсот за HTML/CSS & JS и WORDPRESS DEVELOPMENT.

За свеж почеток на учебната година, прочитајте што изјавија Ангела Николовска, Наставниот координатор и Ана Голејшка Џикова, Раководителката на односи со јавност во Скала.


7. Студентите се претставија пред компаниите

ЈУЛИ: Поврзувањето на креативните индустрии со нашите студенти е најважниот приоритет, а тоа го докажавме со дводневниот настан „Студентите зборуваат“. Тие имаа шанса да го претстават својот труд пред професионалци од различни индустрии и да договорат летни пракси и можности за вработување.

АВГУСТ: Денес повеќе од 50 студенти ги привршуваат своите професионални пракси, а дел од нив веќе и се вработија во компаниите! Очекувајте наскоро повеќе пишуванки на оваа прекрасна тема.

Браво студенти!



8. Се случи и шестата „Скала“ изложба

Врнеше дожд дента, но тоа не ги поколеба сите вљубеници на уметноста да дојдат на VI-тата „Скала“ изложба, на темата „Слобода“. Освен делата од нашите студенти, и импресиите од атмосферата, присутните уживаа и во техно-диџејството на домашниот артист Мethamill – наш алумни студент од Академијата за графички дизајн.


9. Нашите Скалаџии Ана и Андреј заедно работеа на поетска книга

Нашите колеги соработуваат и надвор од работните профили 🙂

Раководителката на односи со јавност во нашата Школа, Ана Голејшка Џикова објави своја нова поетска книга „Слобода А“, во издание на ПНВ Публикации, а илустрациите во книгата и самата насловна ја изработи графичкиот дизајнер во Скала, Андреј Павлов.

Честитки, другари!



НАШИТЕ МЕНТОРИ…



10. Драги Неделчевски со нов есеј од низата „Белешки од една фотографска авантура“

Нашиот ментор на Академијата за визуелни уметности, Драги Неделчевски, месецов нè почести со прекрасен есеј во рубриката Менторски осврт. Во него ја разработи темата на немирот и напорот кога фотографијата станува неизоставен дел од тешките, но и убавите мигови на „Животот во кутија“


11. Зоран Кардула изложби инспирирани од серијалот „Star Wars“ и Македониумот

Менторот на Академијата за графички дизајн , Зоран Кардула во август направи ликовна изложба во Крушево во споменикот Македониум, инспирирана од култниот серијал „Star Wars“. Изложбата беше со многу голема посетеност, а имаше и огромен интерес за постерите и маички со негов дизајн, каде централно беше вклопен Македониумот.


12. Дeјан Џолев повторно пробуричка во дизајнерската кутија на Пандора

Нашиот уметнички координатор, основач на Школата и ментор на Академиите за дизајн Дејан Џолев, месецов објави „став“ на нашата студентска платформа „Скала магазин“, за новото постер решение за „Скопје џез фестивал“.

Всушност се работи за аналитички осврт на последните 20тина години од креативите на фестивалот. Целиот текст може да го прочитате тука.


_____

Погледни што се случуваше во месец мај и јуни.

Уписите за новата Академска 2022/23 година се во тек.

+ Уписите за 14 обуки од областа на дизајнот, уметностите и технологија се во тек!