„Биди слободен, биди фриленсер“ – курс во „Скала“
Kурс: Freelancing | SKALA - Џолев и уметностите

„Биди слободен, биди фриленсер“ – курс во „Скала“ за храбрите идни креативци!

1193 Comments off Инфо, кариера

На што помислуваме кога ќе го кажеме терминот „Freelancer“?

Eве малку историја: Најраните пишани докази за терминот „фриленсери“ или по наше „хонорарци“, доаѓаат од „Ајванхо“, на Сер Волтер Скот, каде еден господар ги нарекува своите платени војници од армијата „Слободни копја (free lances)“. Овде терминот се користел за да означи средовековен платеник кој би се борел за било која нација, или барем за клиент (личност, господар) кој би им платил најмногу.

Звучи познато? 😊

Фриленсерите, или хонорарното работење е вид самовработување. Кога никој не ти „стои над глава“, но самиот ти си својата глава 🙂 својот шеф и уредувач на работните практики, обврски и временско планирање. Овој тип вработување е всушност индивидуално давање услуги по договор или на основа на проекти. Обично, фриленсерството во регионов, но и во Македонија e од најразличен тип – работа на реклами, дизајн, пишување, аналитика, програмирање, фотографија, веб дизајн… Какви и да имате таленти, постои отворен и широк пазар на работни места за вас, особено во креативните индустрии.



Во моментов, во светот постојат многу платформи кои нудат фриленс работа. Кога ќе ги помислиме „најпопуларните“, обично мислиме на Upwork, Fiverr, Toptal, но вистината е дека нив ги има преку стотици. За некој кој дури сега влегува во овие води, ова може да звучи застрашувачки и интезивно. Како да барам работа? Од каде да почнам? Како ќе склучувам договори со луѓе од другата страна на светот?

За да дознаеме што ни е потребно кога ќе стапнеме во тој свет, позборувавме малку со Горјан Стојановски, дигитален маркетер и фриленсер, ментор токму од  оваа област. Горјан е и консултат за одржлив раст и развој на компании од различни индустрии кој во своето порфолио на успешни стартап приказни е и OutletON, првата македонска онлајн продавница со свои претставништва и во соседните држави. Го прашавме како е наједноставно да се почне со фриленс работа – платформи или директно во договор со компании.




За сѐ има почеток. За сѐ постои објаснување. За сѐ постои и начин на кој може да дознаете и научите повеќе, а тоа е на курсот по фриленсерство во нашата Школа.


Наједноставно кажано на платформи може да најдете клиенти од Америка, Канада и Австралија каде ќе имате подобар третман и услови за работа. Тоа е најголемата предност на платформите. За жал и таму има непрофесионални клиенти кои најчесто се наоѓаат во понсико платените понуди, баш оние кои ги таргетираат почетниците – вели Горјан.

Кои се неговите најсилни, и помалку силни страни? Како да се снајдеме за клучни аспекти од работењето, како здравствено, пензиско осигурување, стаж… Го прашавме што значи да се биде фриленсер во македонски услови.

Искрено не мислам дека има големи разлики дали си филенсер во Македонија или било каде во светот. Најголема разлика е во финансискиот дел, тоа што за земји како нашата ова е доста добро платена работа, а истата тешко би парирала на нормална плата и услови во високо развиените земји.
Фриленсерството значи дека сами сте одговорни за себе и својата судбина, со што следи најголема слобода. Мора да преземете одговорност и да си направите стратегија за здравствено и пензиско осигурување, но за разлика од редовно вработените, вие имате комплетна слобода и избор како ќе се снајдете. Значи дека немате платен одмор, но со добар план можете да имате далеку повеќе слободно време!


За да биде човек успешен во фриленсерството, потребни се клучни лекции што треба да ги има на ум. Се работи за одредена дисциплина, работна етика, отворање можности…  На ова Горјан додаде:

Многу важно е да се консултирате со други кои имаат искуство, или да посетите курс како нашиот 😊
Искрено добриот почеток е пресуден. Според мене најголемиот дел од луѓето се откажуваат на самиот почеток бидејќи е доста тешко. По некое време работите стануваат експоненцијално поедноставни. Како работиме, полесно наоѓаме нови проекти со подобра плата, како искуството се зголемува така и клиентите се позадоволни и за пократко време постигнуваме подобри резултати. Значи мала доза на храброст и истрајност се пресудни!

ИДНИНАТА НА ФРИЛЕНСЕРИТЕ…

Горјан смета дека во иднина, бројот на фриленсери ќе се зголемува, токму поради тоа што на многу луѓе овој начин на работа им одговара со животниот стил.

Факт е дека не е едноставно да се заменат конвенционалните работни места заради зголемената продуктивност на тим кој работи од иста просторија, но самата глобализација ги продлабочува можностите за соработка со луѓе од целиот свет. Сите работни места кои не се поврзани со физичко присуство или бараат соодветни лиценци (доктори, адвокати и слично) ќе забележат пораст во фриленс најпрво поради меѓународните повремени вработувања кои одговаат и на работодовците и на фриленсерите.

Го прашавме за крај, како тој ја доживува својата фриленсерска приказна, од аспект на веќе докажан и искусен фриленсер. Вели дека овој начин на работа носи и добри и помалку добри страни, но и одредени привилегии.

Најпрво би забележал дека не е за секој 😊Јас пред да бидам фриленсер бев претприемач и голем дел од негативните страни на овој животен стил веќе ми беа секојдневие. Луѓе кои сакаат помирен и постабилен живот и кариера тешко ќе се носат со неизвесноста која произлегува од фриленсингот, но успешните фриленсери по неколку години работа најчесто се во позиција да одбиваат работни места и проекти. Со текот на времето дискутабилно е дали воопшто фриленсингот е понесигурен и неизвесен од редовното вработување.
Доколку сте човек кој може да се носи со овие предизвици, речиси и да нема други страни кои се понеповолни во споредба со редовното вработување. Најголемата привилегија е што од Македонија можеме да заработуваме плати од САД, што се навистина големи за нашиот животен стандард.





Искористете ја новата програма за фриленсинг за вашите вештини или стекнете нови креативни вештини преку нашите курсеви по специјална комбо цена!


* Be Free. Be a Freelancer е специјално дизајнирана обука во соработка со IMPACT Foundation како дел од проектот #RECONOMY.
#RECONOMY е регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со Импакт Фондација и други организации вo земјите од Источното партнерство и Западен Балкан.