Топ 3 за месец февруари » SKALA School

Топ 3 за месец февруари

1490 Comments off Инфо, кариера

Најозборуваните дела од студентите на Академијата за визуелни уметности при Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“.

Согласно препораките од Министерството за здравство и вонредната состојба со која сме соочени изминативе денови, веруваме дека сте на мирно, удобно и сигурно место што ќе ви овозможи целосно уживање во ретроспективната претстава за месец февруари и најозборуваните дела од студентите на Академијата за визулени уметности, кои штотуку започнаа со следење на онлајн настава во нашата виртуелна училница.

Бојан Матејин

Во оваа ретроспектива ќе започнеме токму со најактуелната глобална тема и општествен предизвик – COVID 19 (корона-вирус). Бојан Матејин е граѓански активист кој редовно го користи дизајнот да прати јавна хуманистичка порака, во овој случај повикувајќи на општествена одговорност преку пораката „Stay home“, што во основа и претставува самиот графички дизајн – пренесување на порака или истакнување на информација преку комбинирано користење на типографија, фотографија и илустрација.

Автор: Бојан Матејин
Проект: Граѓански активизам
Наслов на дело: Stay home 
Медиум: Дизајн на постер
Академија: Визуелни уметности

БОЈАН: Постерот е преработка на лого што сите добро го познаваме, со што сакав да го насочам вниманието кон грижата за сопственото тело од аспект на сексуалното здравје во време кога се преземаат мерки за заштита од корона-вирусот. Постојат алтернативи за секое задоволство, како што јас, поради преголемо слободно време и недостиг на часови од академијата, решив да направам нешто препознатливо што ќе допре до одреден број на луѓе, но не очекував дека ќе се случи таков бум, и навистина ми е драго.

Сара Кирјас

На предметот „Фотографија и постпродукција на фотографија“ под менторство на Дејан Џолев, студентката Сара Кирјас одлучи да работи реконтекстуализација на сликарско дело, преку што се обиде да се претстави себе т.е. да изработи автопортрет преку делото „The wind inside me“ на познатиот македонски визуелен уметник Ване Костуранов.

Автор: Сара Кирјас
Проект: Репродукција [или реконтекстуализација] на култно сликарско дело
Тема: Автопортрет
Автор на оригинално дело: Ване Костуранов
Наслов на оригинално дело: The wind inside me
Медиум: Фотографија со дигитална манипулација
Предмет: Фотографија и постпродукција на фотографија
Ментор: Дејан Џолев
Академија: Визуелни уметности

САРА: Делото беше предизвик и инспирација за создавање на автопортрет што одразува реалистична секојдневна сцена, но истовремено рефлектира мистичност и симболизам, преку самиот наслов „The wind inside me”. За мене ова беше супер искуство и мотивација за усовршување на веќе стекнатото знаење кое е неопходно за успех.

Владо Србиноски

Студентите од Академијата за визуелни уметности во февруари го завршија првиот семестар кој вклучуваше 6 предмети, 5 ментори и вкупно 236 одржани часа, додека во вториот семестар кој штотуку започна, студентите ги очекуваат нови 314 часа, што ја прави Академија со најопширна и најдетална наставна програма од областа на графички дизајн и визуелните уметности. 

На крајот од месецот, студентите ги претставија своите дела на испитна сесија, каде што  имаа можност да се консултираат со менторите за досегашниот труд. Испитната сесија е од формален карактер, но без класично оценување. Академијата има изградено „систем на вреднување“ со кој студентите добиваат една генерална оцена која пред сè се оформува од постигнатиот индивидуален развој.    

Делото на Владо Србиноски претставува испитна вежба од предметот „Дигитална илустрација“ кај менторот Зоран Кардула, на тема: „Дизајн на корица на книга“. Оваа вежба студентите ја изработија по гостувањето на дизајнерот Небојша Гелевски – Бане (Кома дизајн студио) каде што беа брифирани и испровоцирани да работат на редизајн на корица на книга од македонски автор.

Автор: Владо Србиноски
Проект: Дизајн на корицна на книга
Предмет: Дигитална илустрација
Ментор: Зоран Кардула
Академија: Визуелни уметности

ВЛАДО: Интересно е што две недели пред Кардула да ни го зададе проектот ,,Корица на книга”, Ивана Харикли ми ги довери не само дизајнот на корицата, туку и внатрешното уредување на нејзината последна поетска збирка „АПОТЕКА“ којашто ќе има своја промоција во месец мај. Ова е еден од 3-те предлози доставени до неа, но не е финалното графичко решение (во интерес на промоцијата).

ДАЛИ ГИ ПОГЛЕДНА: НАЈОЗБОРУВАНИТЕ ЗА МЕСЕЦ ЈАНУАРИ!?

КАЖИ ИМ НА ДРУГАРИТЕ И ДРУГАРКИТЕ!
УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК: АКАДЕМИЈА ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН.

АПЛИЦИРАЈ ЗА ЦЕЛОСНА СТИПЕНДИЈА!