Toп 3 за месец декември

Топ 3 за месец декември

1326 Comments off Инфо, кариера, Студенти

Најозборуваните дела од студентите на Академијата за визуелни уметности.

Време е да ги претставиме најозборуваните три дела за месец декември. 

Овој месец го обележа брифингот кој ни пристигна од Младински филмски фестивал, каде што студентите работеа на брендирање на фестивалот што ќе биде одржан во МКЦ од 21 до 24 мај годинава.

Во продолжение погледнете ги делата што беа најбучни во разговорите и анализите за време на часовите, но и надвор од нив.

Бојан Матејин

Бојан е вторпат по ред во рубриката „Најозборувано дело за месецот“, овојпат на предметот „Графичка илустрација“ кај менторот Зоран Кардула, со победничкото креативно решение за брендинг на Младински филмски фестивал 2020. 

Автор: Бојан Матејин
Наслов: Поглед [Официјален постер на МФФ 2020]
Медиум: Постер
Предмет: Дигитална илустрација
Ментор: Зоран Кардула

„Искрено не очекував дека токму мојот постер ќе биде избран за официјален на фестивалот, затоа што имаше навистина супер дизајни од останатите колеги. Се израдував и бев горд сам на себе кога ми ја соопштија веста. Идејата околу постерот беше дадена од самите оргнизатори на фестивалот инспирирани од поговорка на режисерот Херцог. Се решив да ризикувам и покрај деталниот брифинг во кој се инсистираше за жолта позадина и кокошка во анфас.“

Коста Пановски

Прекрасна минималистичка геометриска стилизација, каде што со помош на блок-колоритна валеризација е постигната волуменозна структура помеѓу планинските контури од страна на мултидисциплинарниот студент Коста Пановски, кој го изработи ова дело како работна вежба: Google Doodle за Интернационалниот ден на планината, 11 декември.

Автор: Коста Пановски
Задача: Дизајн на Google Doodle
Тема: 11 декември – Интернационалниот ден на планината
Предмет: Дигитална илустрација
Ментор: Зоран Кардула

„Во моментов сум растоварен од притисок и обожувам да експериментирам, веројатно поради тоа што ми се допаѓаат различни стилови, некогаш комплексни, а некогаш минималистички. Верувам за да изградиш свој препознатлив стил, треба уште многу повеќе работа и испробување на различни правци и техники кои со текот на времето би се склопиле во нешто коешто би било препознатливо како моја лична тенденција.”

Марија Јаќоска

Поетичен фото-есеј кој вклучува интимни детал-фотографии од екстериерот на населбата Водно, сè со цел да се даде еден поинаков поглед и рушење на стереотипот за „луксузната населба“ со „неморални активности и тивки зделки во ноќните часови“? – Ни раскажува Марија која истовремено е студент на Факултетот за ликовни ументости во Скопје.

Автор: Марија Јаќоска
Наслов: Ветов
Задача: Фото-есеј „Моето маало“
Медиум: Фотографија
Предмет: Фотографија и постпродукција на фотографија
Ментор: Дејан Џолев

„При документирањето на „Моето маало“ (нас. Водно) одлучив фокусот да биде на “Старо Водно”, поточно старите куќи и староседелци, нивната топлина и безусловна љубезност и нивниот предизвик да се адаптираат на снемувањето на зеленилото и градењето на хотели и комплекси со станбени згради под и над нивните дворови.”

ДАЛИ ГИ ПОГЛЕДНА: НАЈОЗБОРУВАНИТЕ ЗА МЕСЕЦ НОЕМВРИ!?

КАЖИ ИМ НА ДРУГАРИТЕ И ДРУГАРКИТЕ!
УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК: АКАДЕМИЈА ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН.

АПЛИЦИРАЈ ЗА ЦЕЛОСНА СТИПЕНДИЈА!