Дизајнери на пракса – потпишан меморандум за соработка со NEW MOMENT

445 Comments off Инфо, кариера, Студенти


„Џолев и уметностите“ и „Њу момент“ и покрај неколкугодишната неформална соработка, на 3 март 2020г. официјално потпишаа Меморандум за соработка, кој вклучува и овозможува студентски пракси за студентите од Академиите за визуелни уметности и графички дизајн. 

Врската помеѓу образованието и креативните индустрии е клучна алка за понатамошниот развој на дизајн-сцената. „Џолев и уметностите“ како водечки центар за едукација од областа на дизајнот и уметностите, води особена грижа за овој аспект и е во постојана комуникација со најзначајните дизајн-студија, маркетинг и адвертајзинг-агенции. Во рамките на својата едукативна политика и стратегија „Џолев и уметностите“ овозможува задолжителна студентска пракса на сите свои студенти, по завршување на академијата.

Лидер во овој сектор е интернационалната компанија „Њу момент“ (New Moment – new iDeaS company – Skopje), која од 1993 година успешно работи во Скопје и денес претставува една од најзначајните маркетинг и адвертајзинг-агенции во регионот, специјализирана во сите апекти на маркетингот, како дизајн и видео-креатива, стратешко планирање, евент-менаџмет, истражување, односи со јавност, медиа-планирање, итн., работејќи за најголемите глобални брендови на пазарот, додека за нивните успешни проекти сведочат и 113 интернационални награди. 

„Оваа вест пред сè е најзначајна за нашите студенти! По завршување на студиите, најважно за нив е практично да го применат стакнатото знаење во креативните индустрии… Најдоброто место за понатамошниот развој за еден креативец или дизајнер е да биде помеѓу голем број на креативци и дизајнери, а секако тоа е „Њу момент“. – истакна Дејан Џолев, генерален менаџер на Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“. 

Меморандумот за соработка го потпишаа Јелена Ивановиќ – Executive Director во „Њу Момент“ и Дејан Џолев – Генерален менаџер на „Џолев и уметностите“. 

Од „Џолев и уметностите“ додаваат дека во моментов на Академија за визуелни уметности се активни 22 студенти, додека уписите за програмата Академија за графички дизајн се во тек.