СТУДЕНТИТЕ ОД АКАДЕМИЈАТА ЗА МОДЕН ДИЗАЈН ИЗРАБОТИЈА ФОТО-ЕДИТОРИЈАЛ » SKALA School

СТУДЕНТИТЕ ОД АКАДЕМИЈАТА ЗА МОДЕН ДИЗАЈН ИЗРАБОТИЈА ФОТО-ЕДИТОРИЈАЛ

671 Comments off кариера, Студенти


На претстојниот Моден викенд – Скопје, којшто ќе се одржи од 1 до 3 октомври, ќе учествуваат студентите од Академијата за моден дизајн при Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“


Станува збор за финалните креациишто  студентите од генерацијата 2019/2020 година ги имаат изработено во текот на студирањето. На Модниот викенд во Скопје со свои колекции ќе се претстават: Ева Поп Таневска, Ана Франгова, Никола Јовановски, Катерина Димитровска. Дел од колекциите ексклузивно ги претставуваме на Скала преку фото-едиторијалот изработен во соработка со студентите на Академијата за визуелни уметности.

Инаку, Академијата за моден дизајн е во времетраење од 9 месеци, чиишто уписи се во тек и истата започнува на 15 октомври. Студентите на Академијата ги изучуваат предметите за моден дизајн, односно: модна колекција, модна илустрација, кроење и шиење, конструкција на облека… Додека, менторскиот тим е составен од врвни експерти во своите области, како: Никола Ефтимов, Никола Булески – Буле, Ирина Тошева, Александра Јовановска, Небојша Вилиќ, Дејан Џолев, Кристина Крагујевска.




ХАОС


Ева Таневска



Целната група, поточно клиентите кои можат да се пронајдат во оваа колекција ја опфаќаат секоја возраст од 20 до 50 години, секоја девојка и жена која ќе посака да го истакне и покаже својот весел дух и својата радновидност и пасијата кон боите ќе може да се чувствува посебно, убаво и комотно во оваа колекција. 

Инспирацијата за оваа колекција најпрво произлезе од мене самата. Започнав со истражување на самата себеси, каква сум јас и што буди емоција кај мене. Се сметам за хаотична личност, која полесно се снаоѓа во хаосот, отколку во среден простор. Сакам бои и сакам различност затоа и се одлучив да започнам со New Orleans, како една од почетните инспирации, неговата разновидност и живот. Различни националности, бои, мешавини во општеството. Од сите тие мешавини и комбинации на различни нешта,  дојдов до моментот кога сфатив дека оваа колекција сакам да е базирана на геометрија, бидејќи сè околу нас е геометрија и сè  околу нас има посебно значење и посебна порака што ја носи. Поради геометријата одлучив оваа колекција да има многу геометриски фигури, различност и многу бои. Мешавината на тие бои и неспоиви нешта да се спои во едно и тоа едно да изгледа како целина. Затоа во оваа колекција има многу материјали коишто се споени еден со друг и претставуваат оформена целина и различност.


ДИЗАЈН: Ева Таневска
КОЛЕКЦИЈА: Хаос
МОДЕЛ: Надја Миланов
ФОТОГРАФИЈА: Антонио Станков
АСС. НА СЕТ: Филип Бојковски
АГЕНЦИЈА: Подиум
МЕНТОР: Дејан Џолев
ШМИНКА: Сим Салтирова




One with the nature

Ана Франгова




Инспирацијата потекнува од хипи и бохо-движењата. Искористени се мотиви и дезени како што се цветови, листови, спирали и неправилни форми. Колоритот доаѓа од боите на природата како што е заоѓање на сонце, цвеќиња, тревата и по самиот наслов на колекцијата идејата е човекот да биде едно со природата. Наменета е за сите што сакаат да носат нешто поразлично, послободно, луѓе кои се чувстуваат удобно во својата кожа и не се плашат да покажат повеќе.


ДИЗАЈН: Ана Франгова
КОЛЕКЦИЈА: One with the nature
МОДЕЛ: Сара Цветанова
ФОТОГРАФИЈА: Мартина Салова Чешновар
АГЕНЦИЈА: Подиум
МЕНТОР: Дејан Џолев
ШМИНКА: Сим Салтирова




We are the MODS

Никола Јовановски




Не треба да има ограничувања кога станува збор за мода. Мојата мотивација за дизајн доаѓа од кршење на правила и бариери. Идејата за андрогинија, недостаток на родова дефиниција, малку погрешно и неконвенционално е она што го сакам и работам. Ова е колекција преку којашто го правам тоа, со радикално различен, сексуално провокативен изглед.


ДИЗАЈН: Никола Јовановски
КОЛЕКЦИЈА: We are the MODS
МОДЕЛ: Ивана Гелева
АГЕНЦИЈА: Подиум
ФОТОГРАФИЈА: Антонио Станков
МЕНТОР: Дејан Џолев
ШМИНКА: Сим Салтирова






Кој си ти?

Катерина Димитровска





ДИЗАЈН: Катерина Димитровска
КОЛЕКЦИЈА: Кој си ти?
МОДЕЛ: Нена Николова
АГЕНЦИЈА: Подиум
ФОТОГРАФИЈА: Виктор Стојков
МЕНТОР: Дејан Џолев
ШМИНКА: Сим Салтирова