Листа на стипендисти за XIX сезона на курсеви » SKALA School

Листа на стипендисти за XIX сезона на курсеви

646 Comments off Инфо, кариера

Листа на стипендист(к)и за XIX сезона на курсеви и обуки од областа на дизајн и уметност.

Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“, во соработка со Институт за дизајн и технологија (ИДТ), на 23 февруари оваа година, објави јавен повик за стипендирање на средношколци на територијата на цела Македонија кои изминатата учебна година ја завршиле со просек под 3.9

Повикот е дел од нашиот традиционален проект „Образованието е повеќе од просек 5.0“ којшто има за цел да укаже дека во образовниот процес треба подеднакво да се вреднуваат сите ученици, затоа што секоја индивидуа поседува свои квалитети и вештини, а должноста на образованието е тие да бидат препознаени и правилно насочени. 

По пријавниот период, следеа кратки интервјуа со учениците кои ги исполнуваа критериумите од пријавата (просек од последната учебна година под 3.9 и мотивациско писмо, во коешто е образложен интересот и мотивот за аплицирање).

Според завршните резултати од кратките интервјуа, во прилог го објавуваме официјалниот список на стипендисти за XIX сезона на курсеви и обуки од областа на дизајнот и уметноста.


Честитки до сите стипендисти, им посакуваме успешна едукација и желби за знаења до небо! 🖤