Што се случуваше изминатиот период во нашата Школа? » SKALA School

Што се случуваше изминатиот период во нашата Школа?

620 Comments off Инфо, кариера, Студенти


Проект Образованието е повеќе од просек 5.0
Во февруари, на наше големо задоволство го објавивме повикот за стипендии на оние средношколци коишто изминатата учебна година ја завршиле со просек под 3.9. Станува збор за еден од нашите најдраги проекти „Образованието е повеќе од просек 5.0“ кој има за цел да укаже дека во образовниот процес треба подеднакво да се вреднуваат сите ученици, затоа што секоја индивидуа поседува свои квалитети и вештини, а должноста на секоја образовна институција е тие да бидат препознаени.

Програма за препораки – АЛУМНИ СМЕТКА
Преку оваа програма на секој поранешен и тековен студент/курсист отворивме  сметка со почетно салдо од 20 и 50 евра, во зависност од тоа дали претходно посетувале курс или академија. Оваа сметка нашите алумни студенти можат постојано и неограничено да ја надополнуваат со секоја препораки и истата е со доживотно времетраење.

Комбо курсеви
Едноставно некои работи одат заедно! Токму од овие причини ја создадовме новата понуда на КОМБО КУРСЕВИ кадешто имате можност да посетите две програми по специјална комбо цена. Преку оваа понуда, вие штедите и двојно го зголемувате вашето знаење.
Прочитајте повеќе тука.

Секвенци
Саботите ни се секогаш резервирани за курсот по фотографија, а последната од нив за завршна фото изложба! Овој пат, студентите од XIX група, под менторство на Драги Неделчевски, ги претставија своите фотографии на изложбата насловена „Секвенци“.

Џолев и уметностите х Копче
Покрај едукација, нашите студенти секоја година работат на проекти од социјален и хуман карактер. Нашиот ментор Никола Ефтимов, заедно со студентите од Академијата за моден дизајн, самоиницјативно склучија соработка со социјалното претпријатие Копче!Студентите, заедно со менторот, волонтерски работеа на реупотреба и интервенции на своја донирана облека и заедно успеаа да направат уникатни модни креации, коишто можете да ги купите во нашата Скала продавница. Приходот од оваа продажба и донирана облека од сите студенти беа донирани на „Копче“ со цел да им помогнеме на многу наши социјално загрозени сограѓани. Проверете што ни остана на залиха! 🙂