ReCulture: Re – branding of Cultural Institutions in Western Balkans
ReCulture: Ребрендирање на културните институции во Западен Балкан, е проект финансиран од Европската Унија, за модернизација на културните институции во Западен Балкан преку редизајн на нивниот визуелен идентитет и воведување на современи алатки во процесите на нивна комуникација.
За реализација на проектот ќе бидат избрани млади дизајнери од Западен Балкан, кои под менторство на признати дизајнери од регионот и ЕУ ќе работат на новите визуелни идентитети на избраните институции.
Проектот се реализира од страна на неколку партнерски институции, меѓу кои и нашата Школа за уметност и дизајн „Џолев и уметностите“, Институт за дизајн и технологија и конзорциумот на проект – партнери: Културниот центар од Требиње, Музејот за современа уметност од Република Српска – БИХ, Факултетот за драмски уметности од Србија, Музејот за цивилизации, Франција и Институтот за културни политики, Австрија..
Ги повикуваме сите наши студенти (и млади дизајнери) да се пријават на проектот и да уживаат во неколкумесечна работа во супер креативна група, со којашто ќе патуваат низ земјите на Западен Балкан.
Продолжете со апликацијата на: