РЕТРОСПЕКТОР: ни се роди бебе! Патувавме на интернационални фестивали, освоивме награди и... »

РЕТРОСПЕКТОР: ни се роди бебе! Патувавме на интернационални фестивали, освоивме награди и…

1866 Comments off Инфо


НАШИТЕ СТУДЕНТИ…


1. Студентски проект за Skopje Light District 

Андреј Павлов, Марко Вилиќ, Сара Сарлиева и Милан Димитриев од Академијата за визуелни уметности, се навистина неуморни на часовите и надвор од нив. Заедно со својот ментор по предметот Adobe After Effects, Петар Џон, аплицираа со проект насловен: „Life with(out) the Sun“, а истиот ќе може да го видите на овогодинешниот Фестивал за светлосна уметност „Skopje Light Art District“. 


2. Студентка од Академијата за ентериер и продукт-дизајн се вработи во „Siideess“

Тијана Тошиќ, студентка од Академијата за ентериер и продукт-дизајн, стана дел од дизајнерското студио „Siideess“, каде што рачно изработува мебел и продукти за секојдневна употреба.


3. Студентите работеа на визуелен идентитет за Smart School

Smart School е проект за дигитализација на наставните програми на ИДТ, поддржан од ФИТР, a во соработка со нашата школа. Програмите се бесплатни за сите млади лица до 30 години кои ја изгубиле својата работа за време на пандемијата. Изработката на лого и целосен визуелен идентитет беше доверена на нашите студенти од Академијата за графички дизајн, за што организиравме посебен натпревар. По одличните презентации, стручната комисија го програси победничкото решение на нашиот студент Стефан Танков. Честитки до сите!


4. Љубовна приказна

Имаме бебе! Мама и тато се студенти на Академијата за моден дизајн. На новиот член на овој свет му посакуваме добро здравје и среќни дни. Со огромна радост ја споделуваме веста дека госпоѓица бебе има доживотен ваучер којшто во иднина ќе може да го искористи за било кои едукативни програми во неограничен број и време! 


5. Студентите Ана Иљоска и Александар Томовски – наградени на ДМФ

Последните денови од мај, во Охрид, беа посветени на македонската фотографија, каде што во рамките на 59-тото издание на „Деновите на македонската фотографија“ [ДМФ], беа наградени најдобрите фотографи, меѓу кои и нашата студентка Ана Иљоска, која ја доби втората награда во младинска конкуренција со својата фотографија насловена „Цензура“ и алумни-студентот Александар Томовски, кој доби втора награда за колекцијата насловена „Behind the Curtains“, [1,3,4] како самостоен автор и трета награда за поединечна фотографија „In manibus meis“! ЧЕСТИТКИ!!


6. „Paradox“ на интернационални филмски фестивали

Александар Томовски е млад режисер и фотограф кој патува низ светот со својот краток филм парадокс, кој е работен на програмата „Обука за филмска режија“, под менторство на Дејан Џолев, во продукција на Џолев и уметностите. Филмот иако премиерно беше прикажан пред само три недели, е веќе номиниран 26 пати на различни интернационални филмски фестивали, од коишто досега е 9 пати победник во својата категорија. Дел од нив се:



7. Студентот Иван Мегленов со самостојна изложба во МКЦ

Нашиот алумни студент – Иван Мегленов кој во 2018 ја доби дипломата за „Најперспективен студент“ на Академијата за визуелни уметности, во мај ја одржа својата прва самостојна изложба насловена како „Носталгија“, во МКЦ.



8. Нашите студентите уредници на Skala Magazine

Од 1-ви јуни официјално започна ангажманот на новата генерација на скалаџии и скалаџики, студенти на Академиите за дизајн. Скала магазин е студентска платформа за дизајн и современа уметност – од студентите за индустријата.



НАШАТА ШКОЛА…


9. 9 години – Школа за дизајн и уметност

Нашата школа наполни 9 години! 9 години посветено и одговорно сме креатори на новата креативна мисла. Поставивме нови стандарди во неформалното образование, воведувајќи нови едукативни методи. На креативната заедница и индустрија преку нашите студенти и подаривме нова свежа артикулирана ликовна и културна свест. Продолжуваме со крената глава и нозе цврсто на земја.



10. Скала магазин –прв печатен број!

Нашата заедница денес е побогата – излезе од печат првиот број на Скала магазин! 136 страници и 3 типа супер квалитетна хартија и печат. Задолжителна лектира за вашата библиотека. Списанието може да се купи и онлајн!



11. Станавме дел од Институтот за дизајн и технологија – ИДТ Скопје

Горди на сѐ што беше постигнато овие изминати години, со голема радост ве информиравме дека Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“ од 14 мај и официјално стана дел од новоотворениот „Институт за дизајн и технологија – ИДТ Скопје“, како нова форма за развој и поддршка на прогресивни образовни политики и нови методи на учење.Со тоа, нашите едукативни програми [академии, обуки, работилници и предавања] станаа дел и од портфолиото на ИДТ.


12. Добро утро креативци

Започнавме нова авантура. Го креиравме и организиравме првиот саем за размена на креативни искуства и размисли „Добро утро креативци“. Скала Магазин напиша повеќе за овој настан.


13. Наташа Петровиќ, гостинка на Обуката за филмски актер

Учесниците на Обуката за ФИЛМСКИ АКТЕР, на часот на тема кастинг, имаа можност да добијат практично искуство од нашата позната актерка Наташа Петровиќ, која со своето богато портфолио во областа на филмот и кастингот, одржа предавање, давајќи им насоки на нашите учесници што значи кастинг на локално и интернационално ниво и како еден актер го поминува процесот на подготовка.


 14. Билјана Јуруковски, гостинка на Курсот по фотографија 

На редовниот час по „Фотографија“, имавме гостин, а гостинот ни донесе гостин. Огромно изненадување и задоволство ни беше да се дружиме со маестралниот Драги Неделчевски и со Билјана Јуруковски, фотографка со огромна пасијa за документаристика на африканските домородни племиња.


15. Започнаа уписите за новата академска 2021/22 година 

Нашата школа и ИДТ ги најавија новите уписи за седумте академски програми и тоа:

• Академија за графички дизајн
• Академија за ентериер и продукт-дизајн
• Академија за визуелни уметности
• Академија за моден дизајн
• Академија за product owners (Ново) 
• Академија за софтвер-тестери (Ново)
• Академија за веб-дизајн (Ново)

Повеќе информации на официјалните веб-страни на https://djolevandthearts.edu.mk/ и https://idt.mk/

АПЛИЦИРАЈ ЗА СТИПЕНДИЈА: ВЕДНАШ!


16. Успешно завршија програмите: Adobe Illustrator, Adobe Photoshop, Филмски актер, Цртање и сликање, Кроење и шиење.

Учевме, работевме, презентиравме, снимавме! 

На ADOBE ILLUSTRATOR, курсистите, за само 8 термини, практично изработија свое мини портфолио од вежбите на часовите: форми, дизајн и редизајн на лого, флаери, постери… коишто успешно ги преставија пред својот наставен координатор и менторот.

На обуката за ФИЛМСКИ АКТЕР, нашите учесници (актери) се запознаа со основите на актерството – игра пред камера. Со својата менторка, Теа Беговска, успешно реализираа 4 снимачки сетови во коишто снимија 8 кратки филмски етиди без зборување и со дијалози. Овие завршни филмски етиди ќе можете да ги погледнете на официјалната премиера, закажана за 28 јуни во Кинотека на Македонија.

Навистина сме среќни за сите учесници кои одлучија да растат и да се надоградуваат во нашата школа. Им посакуваме уште многу успех и креативен развој во иднина!



НАШИТЕ МЕНТОРИ…


17. „КapKi” во топ 9 најдобри дизајни на слушалки за 2021

Стилизираните естетски слушалки „КapKi” се најновиот проект на менторот на Академијата за ентериер и продукт-дизајн – Апостол Тноковски, се на второто место во топ 9 најдобри дизајни на слушалки во светот за 2021 година.


18. Доротеј Нешовски на биеналето на уметници

Нашиот ментор од академиите и Курсот за цртање и сликање, Доротеј Нешовски беше дел од Биеналето на млади уметници со својот истражувачки проект, насловен како „Илузии на уметноста“. Ова е истражувачки проект којшто се занимава со концептите за креативна спонтаност, ликовнa артикулација, социјална инклузија, педагогија и апстрахирање на релацијата галерија-публика-уметник.


19. Сара Анастасовска и премиерите „Ефектот на среќата“ и „Прашливо цвеќе“

Нашата менторка од KIDS & The Arts, од програмата „Драмска секција“, во месец мај нѐ израдува со две нови филмски улоги во краткометражниот филм „Прашливи цвеќиња“ и долгометражниот „Ефектот на среќата“. Ѝ посакуваме да продолжи да биде успешна и да нѐ радува со уште голем број филмски и театарски остварувања!