ПОВИК ЗА КОМПАНИИ И СТАРТАПИ ОД КРЕАТИВНИ ИНДУСТРИИ » SKALA School

ПОВИК ЗА КОМПАНИИ И СТАРТАПИ ОД КРЕАТИВНИ ИНДУСТРИИ

676 Comments off кариера, Студенти


Поврзувањето на креативните индустрии со нашите студенти е најважниот приоритет!
Ги повикуваме сите компании [големи и мали] да се пријават на отворениот повик за учество на традиционланиот настан, каде студентите од Академиите за дизајн [графички дизајн, дизајн на ентериери, моден дизајн и визуелни уметности] јавно ги презентираат своите портфолија со цел поврзување на студентите со компаниите.

Настанот е дел од предметите „Развој на лична кариера“ и „Бренд Менаџмент“ кои се единствени предмети од ваков тип во неформалното образование со цел да им помогнат на студентите во нивниот понатамошен професионален развој и трајно вработување.


Повикот е отворен за компании исклучиво од креативните индустрии:

  • Маркетинг и адвертајзинг агенции;
  • Дизајн студија;
  • Видео и фото продукции;
  • Модни конфекции и атељеа;
  • Работилници за изработка на мебел;
  • Издавачки куќи и медиуми (ТВ, веб);
  • Студија за 2Д анимација и 3Д моделирање.

На настанот, студентите од Академиите ќе го презентираат своето работно портфолио, по што секој студент ќе биде достапен за прашања од присутните претставници од компаниите.По завршувањето на презентациите, секоја компанија ќе има можност да избере студент/ка , на кој/која ќе му/ѝ биде овозможена едномесечна  практика во соодветната компанија, а со тоа и можност компанијата подобро да се запознае со работата на младиот креативец.

Пријавување за настанот на следниот линк:  https://forms.gle/E77nF4HrALY1S2Q3A

Изминатите години учество на овој настан заземаа следните компании: New Moment, Koma – design studio, McCann Skopje, Publicis, Seavus, Pointer, Novatone Group, Cosmic Development, CodeWell, Friday Communications, Vinset Grafika, Heppiness marketing, Bella, Okitex, Waescheflott, Издавачки центар ТРИ, Literatura.mk, Skala Magazine, Ars Lamina, Dream Factory Macedonia, Element PR, Fashion Weekend Skopje, Igor Delov Studio, ReBorn…

Ве очекуваме колеги!

Погледнете импресии од минатогодишната презентација на нашите студенти пред најпознатите компании во креативните индустрии!