БЛАГОДАРНА СУМ МНОГУ НА ПРЕКРАСНИТЕ МЕНТОРИ НА АКАДЕМИЈАТА ЗА ЕНТЕРИЕР И ПРОДУКТ ДИЗАЈН
Интервју: Христина Пешевска, студент на нашата Академија за ентериер и продукт-дизајн.
Разговараме со Христина Пешевска, студент на нашата Академија за ентериер и продукт-дизајн вработена во компанијата Златев инженеринг.
Проект со посебно значење… за мене би го издвоила “Тurquoise minimalism”. Тој проект, всушност е и еден од првите на коишто работев. Дел е од проект за 3д-визуелизација на станбено-деловен објект. Целиот процес од идеја до финален продукт, беше предизвикувачки за мене, почнувајќи од малите димензии на станот коишто бараат користење на светли бои, но истворемено да не биде ни стерилно.
Најзначаен курс во мојата кариера… би го издвоила, курсот за 3ds max. Отсекогаш сум била креативна и сум го користела тоа на многу полиња, но никогаш ништо не ми го задржало вниманието. Кога го посетував тој курс, за првпат вистински почнав да се посветувам на нешто, редовно ги завршував домашните коишто ни ги задаваа и правев и плус од тоа што ни беше зададено. Едноставно ми беше фасцинантно дека се’ што можам да замислам во главата, истото можам да го креирам во 3D баш онака како што сакам, бидејќи рачното цртање не ми е баш јака страна.
Работната позиција… од мене бара да осмислам идејно решение од зададениот простор (кујна, дневен престој…) и истото да го претставам со 3д-визуелизација, а потоа по одобрениот дизајн мебелот да се подготви и за производство.
Моите идни планови се… да продолжам да се надградувам во тоа што во моментот го работам, да соберам што е можно повеќе искуство од сите аспекти на оваа индустрија, со цел да можам да го искористам практичниот и креативниот аспект за да започнам свој бизнис.
Омилен дизајнер… немам некој конкретен дизјнер или дело коешто би го издвоила, ги почитувам сите и ги ценам нивните креации, од коишто црпам инспирација за да комбинирам повеќе стилови и затоа се стремам и би сакала моите дизајни да станат препознатливи и да бидат мој идентитет.
Омилен ментор ментор… дефинитивно ми беше Апостол Тноковски.
Омилен предмет… ми беше дизајн-процес којшто го имавме со него.
Омилен час… ми беше последниот практичен час со Илија, кога правевме макети со цевки за водовод.
На оние што сакаат да се запишат на Академијата за ентериер и продукт дизајн… би им рекла дека е потребна упорност и стремење на нештото да стане реално. Кога веќе имаме цел и визија каков дизајнер би сакале да станеме во иднина, само треба да се ослободиме од правилата и да продолжиме да бидеме свои. И секако да напоменам дека сум многу благодарна на прекрасните ментори на академијата, сметам дека основното нешто коешто треба секој иден студент да го поседува е креативност и голема желба за нови знаења и искуства.