Менторски осврт сo Андреј Павлов »

Менторски осврт сo Андреј Павлов

2038 Comments off Инфо



Здраво на сите!


Јас сум Елена, маркетинг-специјалист во Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“ и Институтот за дизајн и технологија – ИДТ-Скопје. Со цел подобро да ве запознаеме со дел од нашите ментори и едукативните програми, започнуваме серија – „Менторски осврт“…


Денес, го имаме Андреј Павлов, ментор на курсот по Adobe Illustrator: дизајн на илустрација, кој започнува на 20 март. Тој е дипломиран индустриски дизајнер, визуелен уметник во областа на линиска уметност и дигитална илустрација, моментално дизајн-уредник на Скала магазин и графички дизајнер во „Џолев и уметностите“. 


Елена: Активен си на многу полиња во областа на визуелните уметности, па кажи ни нешто повеќе за твоите последни (или омилени) проекти..

Андреј: Од последниот проект во којшто уживам многу, е сѐ уште неименуваниот серијал на илустрации со т.н. бело човече, еден проект којшто ни самиот не знам како излезе но, раскажува патешествија, ситуации и чувства на една бела силуетка и неговите перцепции. Тука е и проектот „Скопје, херои и згради“ којшто, иако на hold, постои како приказна којашто инспирира.


Елена: Кој е твојот креативен процес?

Андреј: Мислам дека сѐ почнува со опсервација, свесна или несвесна која е ,,закачка” за следната илустрација. Процесот, ако може така да се каже, во последно време сѐ повеќе и повеќе продолжува на лист хартија како doodle скица од многу чкрабаници и допишувања коишто потоа добиваат еден уреден и, во последно време, малку хумористичен изглед.



Елена: Какви илустрации најчесто правиш?

Андреј: Хм.. голем дел од моите илустрации се инспирирани или постојат како резултат на некоја емоција, па сакам истата да ја преточам и во визуелното дело. Сакам да раскажувам приказни, да градам светови коишто ќе допрат до некого, ќе го насмеат, ќе го стопат или можеби малку замислат. 


Елена: Од каде најчесто црпиш инспирација?

Андреј: Од Скопје, од секојдневието и од луѓето околу мене, оние што си ги сакам. Сакам да раскажувам секојдневни приказни, приказни видени на шетка или зјапање наоколу и да им дадам нешто мое.
Многу убави приказни постојат ако само погледаме на лево или на десно од нас.



Елена: Што значи да се биде илустратор?

Андреј: Па пред сѐ да се биде искрен, мислам дека тоа е „единствената формула за добар илустратор”, да пробаш да ги раскажуваш приказните коишто сакаш да ги раскажуваш без разлика на тежината или вештината којашто ја поседуваш. Сепак ова е занает, се учи, се вежба и се усовршува, но да не се заборави и да се ужива – таму лежи оригиналноста.


Елена: Кој ти е омилен вид на илустрација и зошто?

Андреј: Илустрации коишто градат размисли и светови, оние коишто ќе те допрат и пецнат. Илустрации коишто се малку повеќе од естетски убави сликички. 


Елена: Ти си и дизајн уредник на студентската платформа „Скала магазин“, може ли да ни кажеш нешто повеќе во однос на тоа?

Андреј: Уживам, само тоа би кажал. Да си дел од скалаџии е навистина прекрасно, склопка којашто секојдневно клика, креира и продуцира идеи и приказни со толкаво значење, е чест.
Слатките маки на креативните умови.


Елена: Ментор си на нашата обука за ADOBE ILLUSTRATOR. Што ќе ги советуваш нашите студенти, но и сите оние кои сакаат да ја изучат оваа алатка, пред да започнат со нивната обука?

Андреј: Да не се плашат, ова е почеток како секој треба да се изоди и ужива. Да бидат љубопитни и да сакаат да ги раскажуваат приказните што сакаат да ги прават. Ќе учиме и кликаме заедно и кој да знае – можеби следниот филмски постер или врвна илустрација е на некој од следните наши илустратори.