Студенти од Академијата за Моден дизајн беа дел од Модниот Викенд Скопје
Дел од нашите алумни и тековни студентки од Академијата за МОДЕН ДИЗАЈН беа дел од 25-тото издание на Моден Викенд Скопје, еднодневен настан во Градски парк посветен на новите генерации и креативни надежи на модната сцена.
Освен што го претставија секој својот уникатен израз низ модните парчиња, студентките имаа можност да ги промовираат своите стилски пристапи со различен концепт, преку накит и шапки. Стиловите и материјалите беа различни и секоја колекција зрачеше со различна енергија, соодветно на идеите на креаторките.
► Мирјана Јосифоска и „Lavender Fields“
Нашата студентка Мирјана се претстави со колекцијата „Lavender Fields“ – колекција на шапки и модни додатоци; силно инспирирани од полињата со лаванда во Тиквешкиот регион. Лавандата како чувство на спокој силно осцилира во нејзините парчиња.
► Сара Величковска и „Хемофобија“
Сара пак, се претстави со колекцијата, „Хемофобија“ – колекција од редизајн на облека; а според нејзината приказна, парчињата облека се манифестација на нашите внатрешни стравови и прилагодувања на истите додека живееме и творимe.
► Катерина Тошева и „Ноќни лисја“
Нашата студентка Катерина се претстави со колекцијата, „Ноќни лисја“ – колекција на облека-накит, инспирирани од раѓањето на нешто ново, ноктурално и поинакво.