Разговор со Дритон Сули, менаџер на продажба во Iute Pay
Имаме прекрасна вест! Отсега имате можност да ги плаќате нашите курсеви на 4 или 6 рати преку партнерство со Iute Pay наменското кредитирање со 0 трошоци.
Оваа олеснителна можност за плаќање ви нуди пред сѐ, бенефиција за омилениот курс да го плаќате со помала сума на месечно ниво, а сѐ што ви е потребно е лична карта и да сте во работен однос. Со уплаќањето на 4 или 6 рати, патот до посакуваните курсеви ви е поедноставен и многу пристапен.
За ратите на плаќање и какви се опциите, поразговаравме со претставникот за Iute и менаџер на продажба, Дритон Сули кој на убав и едноставен начин ни објасни што значи ваквиот тип услуги, едноставноста и бенефициите, но и работата со едукативните платформи:
Овој начин на користење платежни услуги е пред сѐ, заложба да бидеме отворени и кон различни клиенти, во случајов – луѓе кои сакаат да се дообразуваат, да посетуваат курсеви.
+ + Провери ги нашите Курсеви за сезона XXIII
Го прашавме околу пакетите кои се достапни за нашите потенцијални студенти кои сакаат да запишат курсеви со плаќање на рати:
Под брендот IutePay се креирани 3 производи за потребата на вашата Школа (Smart 0 4M, Smart 0 6M и 0 Education на 12 рати). Двата пакета коишто ги креиравме со можност за уплата на 4 и на 6 рати, се со цел да бидеме пристапни до корисниците. Производот „Iute 0 Education“ се однесува токму на ваквите целни групи. Во случајов, се работи за нула трошоци за користење на услугата – клиентот нема никаков трошок, не се губи време за потпишување по филијали, хартии, потписи…
Околу бенефициите за плаќањето на рати…
Начинот на аплицирање е брз, авторизиран и безбеден за користење. Трае сѐ на сѐ 15 минути!
Сѐ што треба е клиентот да има важечка лична карта и да биде вработен. Процесот почнува откако ние ќе аплицираме на ваше име преку нашиот user. Преку апликацијата MyIute , на којашто се пополнуваат податоците, потоа клиентот добива пристап до својот профил и прегледна и транспарентна информација за датумите за уплата којашто ние му ја доставуваме.
Околу соработката со Iute, нашата финансиска раководителка, Оливера Матакова вели:
Главната цел на оваа соработка е нашите курсеви да станат подостапни на сите потенцијални студенти. Тие преку овој начин на плаќање имаат можност за уплата на 4 до 6 месечни рати. Со ова им го олеснуваме начинот на упис којшто освен што дозволува кредитирање, процедурално е многу едноставен.
Сѐ што треба да направат е да дојдат во нашата канцеларија, каде што ние ги водиме низ кратка и едноставна процедура. За нив останува само да се запишат на омилениот курс.
Освен опцијата на 4 и 6 рати, постои и можност за кредитирање на долгите наставни програми- Академиите, преку понудата- „Iute Pay 0 Education“ која овозможува и до 12 месечни рати.