Оваа пролет во Скала: 12 вработувања, Филмски фестивали, Фанк шуи…
Прочитајте за успесите на нашите студенти и случувања кои ги одбележаа во последно време. Прочитајте и за активностите на нашите ментори, но и информации од неформален карактер.
Пролет 2023та гушнати! ♡
НАШИТЕ СТУДЕНТИ…
1. Нашите студенти (алумни и тековни) беа учесници на Моден викенд Скопје
Десетици студенти од повеќе генерации и академии се „судрија“ на Моден викенд кој се одржа во просториите на East Gate Mall.
Тековни студенти од Академијата за графички дизајн и алумни студенти од Академијата за визуелни уметности беа дел од тимот на FWSK, кадешто изработија документарно видео + фотографии од учесниците на Модниот викенд. А токму помеѓу учесниците, веќе истакнати модни дизајнерки, алумни студенти од Академијата за моден дизајн, но студенти и позади сцената како дел од организацијата на настанот.
ПРЕГОРДИ!
2. Се вработија 12 студенти во различни индустрии и компании
Освен што нѐ радуваат со своите знаења, влегуваат и во нови работни навики и креативни светови. Изминатиот месец 12 студенти од Академиите за дизајн се во активен работен однос.
6 студенти од Академијата за UX/UI+ дизајн се вработија во маркетинг агенцијата „Дивижн“, Јована се вработи во концепт студиото „Collarete“, Стефан е во „Fashionel“, Tea во модното студио „Stylitics“.
Честитки на сите! <3 Повеќе детали за овие вести – наскоро! 🙂
3. Стефан Трпески им правеше фотосесија на Funk Shui
Студентот на Академијата за визуелни уметности, Стефан Трпески е актуелен фотограф на домашната музичка и клупска сцена, а последно направи одлична фотосесија на нашиот познат алтернативен бенд, Funk Shui.
НАШАТА ШКОЛА…
4. Да почнеме од почетокот! Се преселивме во нов простор
Скала смени локација – на уште поубаво место, со едни кружни прозорци кои ни го шират видикот. Од Дебармаало, се преселивме во централниот дел од градот, а просториите дишат со уметност, дизајн и најважно: имаме меки перници, книги и многу повеќе простор.
Ви споделуваме неколку фотографии од нашиот cosy простор за деловна и опуштена дружба.
5. Доделени дипломите на студентите од UX/UI+ дизајн Академијата
Освен што направија прекрасни и креативни презентации коишто ги претставија пред менторите, студентите од Академијата од UX/UI+ дизајн ja заокружија својата академска година и им беа доделени дипломи и уверенија.
Веднаш по дипломирањето сите студенти станаа дел од иста маркетинг агенција! [За нивното вработување повеќе вести наскоро].
Нека ви е со среќа и со успех понатаму!
ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ 6 АКАДЕМИИ ЗА ДИЗАЈН [ТУКА]
Академија за графички дизајн
Академија за UX/UX+ дизајн
Академија за визуелни уметности
Академија за моден дизајн
Академија за ентериер и продукт дизајн
Академија за фотографија
6. Завршната изложба на студентите од курсевите по фотографија, цртање и сликање и кроење и шиење – „П(р)олет“
Паблик Рум беше преполн публика, блиски пријатели и љубители на дизајнот и уметностите. Ги поделивме сертификатите на повеќе од 90 студенти и уживавме во уметничкиот израз на нашите студенти.
Среде февруари, остваривме пролет!
7. Започнаа уписите за академската 2023/24!
Во оваа година предвидено е да се запишат 160 студенти во академската 2023/24 на нашите Академии за: Графички дизајн, UX/UI+ дизајн, Визуелни уметности, Моден дизајн и Ентериер и продукт дизајн.
Оваа година воведуваме и еден ексклузивитет и новина: Академија за фотографија! Единствена Академија од овој тип понуди со богата наставна програма.
★ РАН УПИС ДО 15 МАЈ: Заштеди до 500 евра и резервирај си место на време!
НАШИТЕ МЕНТОРИ…
8. Гоце Кралевски го продуцираше филмот „Преекспонирано“
Менторот на Академијата за Визуелни уметности, Гоце Кралевски е продуцент (и монтажер) на филмот „Преекспонирано“, во режија на Елеонора Венинова. Филмот имаше светска премиера во Египет на Cairo International Film Festival, беше дел од European Film Market како дел од Берлиналето, и потоа во Италија, во официјалната главна селекција на фестивалот „Кинест фест 2023“. Главните улоги ги толкуваат познатите домашни актери: Камка Тоциновска, Благој Веселинов, Сара Климоска и Марјан Наумов.
9. Антонио Станков влезе во фотографскиот бизнис – Го отвори „Collarete“
Нашиот драг асистент, омни-студент и фотограф, Антонио Станков го отвори своето концептуално студио за фотографија „Collarete“. Студиото е специјализирано за за ирис фотографија, каде луѓето можат да дојдат и да си го фотографираат својот ирис од окото, кој патем е еден од најкарактеристичните и уникатни делови од нашето тело. Првичната идеја потекнува од популарниот филм “I Origin”.
Уште не сме му отишле да ни го „фати окото“.
Честитки Тончи!
10. Зоран Кардула со изложба со силна порака за (женската) иднина
Менторот на Академијата за графички дизајн, Зоран Кардула имаше своја изложба во City Mall на денот на жената – 8ми март, со име „Иднина е женски род“ каде беа поставени десетици илустририрани лица на домашни жени активистки, борки за права, уметници.
Браво Зоки!
11. Андреј Павлов ја доби главната награда за „Swatch на кирилица“
Менторот на курсот за графичка илустрација и „ADOBE Illustrator“, Андреј Павлов, имаше победнички дизајн во рамки на платформата „Swatch на кирилица“. Часовникот кој ја претставува домашната ритмика на 7/8 такт и срце кое чука во тој ритам ги освои членовите од жири комисијата составена од Крсте Роџевски, Влатко Стефановски, Симон Трпчевски, Милчо Манчевски, Славимир Стојановиќ – Футро и Михаил Корубин.
Честитки Андреј!
12. Никола Булевски- Буле со иновативен пристап кон 3Д дизајн на облека
Нашиот ментор од Академијата за моден дизајн е неуморен кога станува збор за трендовите во модниот свет. Тој преку платформата Skils4Future е промотор на VSTITCHER 3D Design софтверот, алатка за поедноставување при креирање облека на дигитален начин.
13. Дејан Милосавлески го лансираше Vendor, платформа за е-commerce
Нашиот ментор на Академијата за UX/UI + дизајн, го лансираше таканаречениот дигитален „продавач“, односно Vendor, платформа основана за онлајн продажба и комуникација со стратешки партнери и компании.
14. Александар Ношпал работи на костимографија за премиера во парискиот „Гарние“ театар
Менторот на Академијата за Моден дизајн работи на многу светски, но и домашни оперски сцени со своите костими. Изминатиов месец ја подготвува целосната костимографија за балетска престава во престижниот „Гарние“ театар во Париз, а во меѓувреме е активен и на домашната сцена како главен костимограф на неколку настани.
15. Менторите на форум и театарска работилница во Трст, Италија
Менторите Никола Кузелов и Сандра Георгиева од Академијата за визуелни уметности беа дел од форумот „When East Meets West“, учествувајќи на интензивната театарска неколкудневна работилница во Трст, Италија. Tие го преставија својот филм „The certificate of life“ за кој добија поддршка од тамошната заедница.
16. Теа Беговска со три нови активности
Нашата менторка од Обуката за филмски актер почна со нова сезона на „Културо“ на Наша ТВ. Беше дел од Жирито на Интернационалниот театарски фестивал АРТ ТРЕМА во Рума, Србија и е активна асистентка по актерска игра на Универзитетот EUROPA PRIMA.