Поткаст: Студент VS. Ментор [Е02] // Катерина Тошева VS. Никола Булески [Моден дизајн]
никола булески-катерина тошева-студент-vs-ментор-поткаст-академија за моден дизајн-скала-џолев

Поткаст: Студент VS. Ментор [Е02] // Катерина Тошева VS. Никола Булески [Моден дизајн]



Студентите испрашуваат – менторите одговараат!

„Студент VS ментор“ е нашата нова видео-рубрика, каде што студентите на SKALA School [поранешно „Џолев и уметностите“] имаат можност да поразговараат еден на еден со менторите и да ги прашаат згодни и незгодни прашања.


АКАДЕМИЈА: Моден дизајн [погледни повеќе]
ПРЕДМЕТ: Конструкција на облека со техники на кроење и шиење
МЕНТОР: Никола Булески – Буле
СТУДЕНТ: Катерина Тошева


— —

Никола Булески – Буле  е дипломиран моден дизајнер во областа на pattern-making и продукција на облека во Милано, Италија. Лансирал колекции на модниот пазар во Скопје, но и на фестивали во Латвија, Италија, Романија. Го започнува својот дизајнерски бренд „COLLECTION“ и моден бренд „MATTIS“, прв во Македонија. Освен искуството како дизајнер, тој е и професор по дизајн на Катедрата по арт и дизајн на две академии, дома и во странство. Активен е со неговиот бренд „Никола Булески -Буле“.

Она што е негова специјалност е софтверска 3Д-изработка на шаблони при конструкција на моделите, со што се намалуваат трошоците и се прави помалку отпад. Тој годинава беше дел од овие обуки и доби сертификат токму во оваа област, активно придонесувајќи во дигитализацијата на текстилната индустрија.

Освен што работи на дизајн на облека, тој е и специјалист по конструкција на облека во модниот бренд „Bella“ во Македонија.

VS.



Катерина Тошева е алумни-студент на Академијата за моден дизајн. Денес е моделар во модната куќа „BELLA“, но свој креативен придонес има и на други проекти од индустријата, како 3Д-дизајнер во “Virtuality.Fashion”, моден дизајнер во “Модно Студио ЛЕ-ТЕ”, продукт-дизајнер во “BRUMMELL” и менторка на обуката за кроење и шиење во „SKALA“. 

— —
АКАДЕМИЈА ЗА МОДЕН ДИЗАЈН
Уписите се во тек!


— —
ТВ-РЕДАКЦИЈА

РЕЖИЈА: Мартин Чичовски
КАМЕРА И ТОН: Ана В’чкова
МОНТАЖА: Мартин Чичовски
АНИМАЦИЈА: Андријана Антова
АСС. Немања Пејиќ



SKALA SCHOOL
2023