Поткаст: Студент VS. Ментор [Е03] // Андреј Арсенков VS. Гоце Кралевски [Визуелни уметности]
поткаст-студент-вс-ментор-гоце-кралевски-андреј-арсенков-скала-џолев

Поткаст: Студент VS. Ментор [Е03] // Андреј Арсенков VS. Гоце Кралевски [Визуелни уметности]



Студентите испрашуваат – менторите одговараат!

„Студент VS ментор“ е нашата нова видео-рубрика, каде што студентите на SKALA School [поранешно „Џолев и уметностите“] имаат можност да поразговараат еден на еден со менторите и да ги прашаат згодни и незгодни прашања.


АКАДЕМИЈА: Визуелни уметности и Моушн дизајн [погледни повеќе]
ПРЕДМЕТ: Видео-монтажа
МЕНТОР: Гоце Кралевски
СТУДЕНТ: Андреј Арсенков


— —

Гоце Кралевски е дипломиран филмски и ТВ-монтажер на Факултетот за драмски уметности во Скопје, продуцент, монтажер и основач на продукциската куќа „ДНФ Филмс“ која што годинава слави 10 години од нејзиното постоење. 

Искуството на Гоце во ТВ-форматот започнува со „Кој сака да биде милионер” каде што работи како супервизор на продукција и монтажер па сè до последниот проект “Истражи ја Македонија” Исто така, зад себе има голем број на проекти во различен ТВ-формат: музички видеа, ТВ-емисии, корпоративни видеа. Гоце продуцирал неколку кратки филмови, документарни филмови и играни филмови кои што имаат успеси на многу филмски фестивали низ светот. Последен негов филм е долгометражниот игран филм „ПРЕЕКСПОНИРАНО“ којшто имаше премиера оваа пролет. Во моментов, е ангажиран на повеќе филмови во фаза на продукција и дистрибуција, како и развој на повеќе други проекти. 

Во моментов, ја завршува својата магистерска теза на студиите на ФДУ на насоката Монтажата како аудиовизуално поимање и воедно е ментор на предметот Видео-монтажа на Академија за визуелни уметности во „Скала“.

VS.



Андреј Арсенков, музичар и фотограф, кој од мала возраст има интерес за цртање и анимација. Андреј, своето средно образование го завршува во СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“, а минатата година дипломираше на Филолошки факултет „Блаже Конески” во Скопје на Катедрата за преведување и толкување.

Андреј во моментот е студент на Академијата за визуелни уметности при Школата за дизајн и уметност „Скала“, преку којашто ја остварува својата пракса во маркетинг-агенцијата „Публицис“, работејќи видео -монтажа, додека пак, во слободно време се посветува на формирање на свој бенд и акт-фотографија.

— —
АКАДЕМИЈА ЗА ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ
Уписите се во тек!


— —
ТВ-РЕДАКЦИЈА

РЕЖИЈА: Мартин Чичовски
КАМЕРА И ТОН: Ана В’чкова
МОНТАЖА: Мартин Чичовски
АНИМАЦИЈА: Андријана Антова
АСС. Немања Пејиќ



SKALA SCHOOL
2023