Од пракса до договор за вработување! I Скала
Андреј Арсенков-визуелни уметности-скала-џолев

Од пракса до договор за вработување!

1240 Comments off Инфо, кариера

Преку 70 студенти од Скала-Школата за дизајн, започнаа со пракса во креативните индустрии. Вистинска можност да го искористат своето знање од Академија и да се впуштат во нови професионални предизвици, успешно градејќи ја својата кариера. За голем број од нашите студенти првата пракаса значи и вработување како и  контиуниран раст и развој во компании кои се наши долгогодишни соработници.


За да ви доловиме дел од нивните искуства, разговаравме со Андреј Арсенков студент на Академијата за визуелни уметности и моушн дизајн кој посетуваше пракса во маркетинг-агенцијата Publicis, а еден месец подоцна доби договор за вработување.

Андреј уште од мали нозе има интерес за креативните работи, па денес несомнено ужива во својата работа како Video Production Assistant во Publicis, а пред да ја дознае веста за неговото вработување, за неговото искуство нa пракса ни сподели …

Работата во маркетинг-агенција ми овозможи да бидам дел од креативна тимска работа. За да се оствари креативната замисла, многу е важна соработката со колегите во секој дел од процесот: од идеја до крајната изведба, сите мораат да си ја знаат улогата. 
Пријатно се изненадив од тоа колку Академијата ме подготви за практична работа! – Досегашното искуство ми покажа дека треба да си вешт и посветен, бидејќи ќе има непредвидливи ситуации и навидум нерешливи проблеми, но со упорноста тоа се надминува. 


Што е визуелен артист и кои се се можности за кариера?

Постоечките професии како визуелен артист (видеограф, моушн дизајнер, аниматор, фотограф, арт директор…) се меѓу најплатените професии во Македонија, според Државен завод за вработување. Работењето во овие дисциплини е навистина длабок процес, вложувањето во видеографија, постпродукција, motion design, видео-продукција, се само дел од медиумите на новото време. Токму затоа во Скала  креираме можност за професионален развој и градење на успешна кариера во овие дисциплини преку мултидисциплинарната програма на Академијата за визуелни уметности и моушн дизајн– и единствена на пазарот!




Publicis Македонија е интегрален дел од мрежата Publicis Groupe, глобален лидер во маркетинг, комуникации и дигитална трасформација. Oбединува широка палета на маркетинг-експертизи и ресурси: од стратегиско планирање, бренд-консалтинг, креативни комуникaциски решенија, медиумско планирање и консултирање, дигитални стратегии, медиумски и технолошки решенија, до односи со јавност и менаџмент на настани. На пазарот во Македонија, е присутна од 1996 година, преку креативните агенции Publicis и Saatchi & Saatchi и медиумските агенции Zenith и Starcom.


Запознај го Бојан Матејин, алумни студент од Академијата за визуелни уметности, кој веќе неколку години исто така е дел од креативниот тим на Публицис.


Уписите на Академија за визуелни уметности и моушн дизајн се во тек, а сите креативци со или без портфолио ја имаат можноста да аплицираат за стипендија за новата академска 2023/24 година. 

Крајниот рок за аплицирање за стипендија е отворен до 5 октомври, аплицирај тука!